Street gif

Герила против крадците на садници, направија ученици од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола

Април 02, 2019

Со герила акција, ученици од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола, го дигнаа гласот против крадците на ново засадените садници во училишниот двор. Револтот кај учениците е особено голем што донираните садници ги засадиле пред десеттина дена, а сега дури половината од нив, односно 12 дрвца  се откорнати и одземени.

Учениците, на дрвјата во училишниот двор и на други места  оставија плакати со порака: „Учениците ве молат! Засадените садници да не се крадат ! Тие ни го разубавуваат нашиот двор! Краденото не трае во туѓ двор, ќе се исуши без нашата љубов! “, порачаа ученици од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола.

gorgi 1

 goorr

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани