Врие од незадоволство во ЛАГ-Пелагонија-Новаци, екс претседателот Гордана Лозановска Стефановска и Управниот одбор немаат легитимност да ја водат организацијата, обвинуваат дел од членките

Април 12, 2019

Дел од редовните членки на ЛАГ- Пелагонија (Локални Акциони Групи во Република Македонија) со допис до Апла.мк реагираат дека во Здружението недолично и нетранспарентно се работи за што како што велат се известени градоначалниците на општините Битола, Могила, Новаци и Демир Хисар.

Незадоволството од членките е насечено кон претседателот Гордана Лозановска Стефановска, чиј мадат е изминат.

Иницијаторите  наведуваат дека екс претседателот Лозановска Стефановска и Управниот Одбор немаат легитимност да ја водат организацијата, затоа што според Статутот на ЛАГ Пелагонија – Новаци, каде е седиштето,  имаат направено грубо прекршување на нивните надлежности, а нивниот мандат од две години е веќе истечен.    

Апла.мк денеска ја контактираше по телефон Гордана Лозановска Стефановска, но таа кога го слушна новинарското прашање кусо одговори-„Ве молам ова не е тема за дискусија“, и љубезно ни посака добар ден.

Незадоволните членки повеќе пати повикувале на одржување на итен состанок со УО и екс претседателот за решавање на состојбите во ЛАГ Пелагонија – Новаци, но без резултат.

slika LAG 2

Иако на 08.06.2018 беше одржана вонредна годишна средба и на неа беа избрани нови лица да ја раководат локалната акциона група, екс претседателот Лозановска Стефановска и дел од Управниот одбор се уште носат одлуки и одржуваат состаноци во името на ЛАГ Пелагонија – Новаци, без при тоа сите членки да се информираат или поканат на средбите.

„Претседателот Лозановска Стефановска (мандатот и е поминат) и дел од членовите на Управниот Одбор во текот на 2018 и четирите месеци во 2019 година ја раководат организацијата и при тоа:

- не се одржуваат редовни состаноци со членките,

- донесуваат одлуки кои се на штета на здружението,

- се примаат членки без одлука на Годишно Собрание,

- се пренаменуваат дел од финасиите од здружението за плаќање на долгови (повлечени се средства од членарината на членките и подсметката на ЛАГот ,,Центар за ран детски развој,, која ја користи Општина Могила, за плаќање на долгови кон Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој),

- до надзорниот одбор нема доставено за увид завршна сметка за 2019 година.

Најважно од се во 2018 и 2019 година се нема одржано седница на Годишно Собрание на ЛАГ Пелагонија – Новаци, која е законски и статутарно предвидена да се одржува еднаш годишно (февруари месец)“, се наведува во дописот.

Инаку, во изминатиот период членките забележале дека во работењето на ЛАГ Пелагонија – Новаци нема  транспарентност, отчетност и доверливост според проценката за состојбите на здружението направена од ЦГИ Прилеп. Недостига тимска работа помеѓу Управниот одбор и организациите оснивачи, целосна некоординираност кога се планираат и извршуваат проектини активности (комисијата за евалуација не е воопшто информирана за да направи проценка), слаба информираност за тековните проекти на здружението (и покрај многу укажувања на дел од членките),претседателите на надзорниот одбор, комисијата за оценка на проекти и извршниот директор не се информирани за работата на управниот одбор.

Потоа нетранспарентно работење и испраќање на одредени личности за присуство на обуки, семинари и др. манифестации, а не се членки во здружението, злоупотреба на функцијата претседател (изјаснето е дека ќе си поднеси оставка според записник од 22.05.2018), нема координација помеѓу Претседателот и Извршниот Директор (од 01.06.2017 по назначувањето на претседател), претседателот врши узурпација на печатот на здружението преку отпишување на документи и договори за кои нема доволно информација или писмено одобрение од управниот одбор, надминување на овластувањата на одредени членови од управниот одбор односно носење на одлуки нестатутарно без направен записник (по вибер комуникација), има реакција на градоначалниците дека немаат доволно информации за работата на здружението, нетранспарентно работење при реализација на проектите (нема достава на извештаи за спроведени активности и реализација на финасиите), целосна манипулација со трите банкарски сметки од здружението, има неисплатени плати за воспитачите во Центрите за ран детски развој во Општина Могила.

Како иницијативен одбор проблемите во функционирањето имаат намера да ги презентираат пред градоначалниците на општините Битола, Могила Новаци и Демир Хисар и пред надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство каде се евидентираат ЛАГ-те.

Како што наведуваат од иницијативниот одбор нивните намери се насочени кон обезбедување непречена работа во Здружението загарантирано во Статутот на ЛАГ Пелагонија – Новаци каде е наведено дека: Здружението ќе се раководи согласно карактеристиките на доброто владеење: учество, контрола и почитување на законите и прописите, транспарентност и одговорност, лидерство, ориентација кон градење на консензус, еднаквост, диверзитет и етика и ефективност и ефикасност.

fb

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани