2win800x200

Шокантно видео - сообраќајка снимена во критичниот момент

Мај 13, 2019

Шокантно видео се споделува денеска на социјалните мрежи во кое возило кое се движи кон Битола на влезот од Прилеп кај Горно Оризари, преминува на спротивната страна од коловозот и удира во возилата кои наидуваат.

{YouTube}https://youtu.be/DsvjrswMdGM{/YouTube}

Возилото најпрво преминува на левата коловозна лента во моментот кога наидува друг автомобил отспротива, но го зафаќа само ретровизорот кој паѓа на патот. Потоа се повлекува на десната коловозна лента, а веднаш кога на спротивната страна се појавува друго возило, повторно оди лево и со предната страна од автомобилот удира во предницата на другото возило. 

Видеото е снимено од возило во движење кое е зад автомоболот што оди лево десно по коловозот.

Од полицијата за апла.мк потврдија дека сообраќајната несреќа се случила вчера во 17.30 часот кај населбата Горно Оризари и освен материјална штета, во незгодата има и повредени лица.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани