Street gif

Битолчани корнат сообраќајни знаци и самоволно го нарушуваат редот во сообраќајот

Мај 24, 2019

Откорнат од земјата и фрлен на тревникот е сообраќаен знак на улицата „Север и Југ“ во Битола.  Оставен е покрај  едно дрво со денови иако жители од околните згради велат дека пријавиле во полиција. Според нив  знакот  кој покажува дека „наидува улица со  првенство“ се мисли на улицата „Партизанска“  намерно е откорнат од несовесни граѓани, велат некому му присметало па решиле самоволно да го регулираат сообраќајот како што им одговара.  

Оштетувањето на сообраќајните знаци во Битола не е првпат, па  освен локалните жители, другите не го знаат важечкиот сообраќаен режим и не го почитуваат. Но тука се отвара прашањето што со тие возачи кои не го знаат правилото?

Мала прошетка низ улиците во Битола , особено низ помалите и споредните, е доволна за да се открие и друго неодговорно однесување кон сообраќајната сигнализација низ градот. Дел од сообраќајните знаци се искривени, исчкртани со спрејови, избледени, врз нив се залепени постери, а дел се и откорнати, или само знакот или заедно со металната прачка.

znak 3

znak 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани