И ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД УРАГАНОТ ВРЗ ЈАБОЛКАТА ВО ПРЕСПА

Јули 21, 2019

На есен најмалку за една третина ќе биде намалено производството на квалитетни јаболка во Преспа, а последиците од големото невреме што пред десетина дена ја зафати Долна Преспа ќе се чувствуваат и во следните две години.

„Во делот кој беше зафатен од ураганот, ние така го нарековме невремето, нема да имаа воопшто јаболка. Штетите се стопроцентни. Околу 400 хектари беа зафатени од невремето на потегот од јужниот дел на Сливница до Маркова Нога. Во тој дел штетаната ќе биде не само за оваа година, туку и за наредната бидејќи се оштетни насадите. Неколку стотини садници се откорнати, а и оние кои останаа се без лисна маса, тоа значи дека одвај би преживеале догодина. Оваа и следната, а можеби и таа по неа година да имме негативни последици, трета години по ред до 2021 година“, вели Љубе Пампулевски претседател на Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ од Ресен.

 

И индустриско јаболко прашање дали ќе има. Овоштарите велат дека и јаболката кои се најоштетени скапуваат на самото дрво. Економски загрозени се 350 семејства од селата Крани, Штрбово, Наколец, Долно Дупени, Љуболјно, Брајчино, Арвати и Слвница. Тие годинава веќе вложиле пари во резидба, ѓубрење, заштита на јаболкниците, а берба нема да има. Нема да можат да ги платат долговите по земјоделските аптеки. Во тек е пријава на штетите во Општина Ресен,а дополнително ќе се каже како државата ќе им помогне на овоштарите.

Според, овоштарите Преспа е на удар на климатските промени. Лани градот во мај предизвика хиперпродукција, а годинава ќе се соочат со намалено производство.

„На картата со климатски промени, од нашата земја, Преспа беше мапирана како еден од можните региони заедно со Тиквешкиот Регион. Штетата од климатските промени се чувствува секоја година. Секоја година е зафатен по некој дел од Преспа од силнио невреме, град. Но, вакво невреме не се памети. Можеби пред земјотресот 1962/63 година имало поплави и невремиња од поголем кататер. Но, ова беше ураган во најмала рака. Експерти за клима ќе треба да го пероценат како настана, има сателитски снимки. Во првиот налет ветерот имаше удари од 180 до 200 километри на час, проследени со силни врнежи на град и дожд“, вели Пампулевски.

Во ваков случај не би помогнале ни мрежите против град. Невремето би ги откорнало и бетонските столбови, а мрежите би отишле во неповрат, инвестиција вредна од 15 до 20 000 евра по хектар. Ветерот таа вечер откорна дрвја високи по неколку метри со се корени, а некаде и зацементирани.

Овиштарите бараат да се најде заедничко решение за заштита со земјите од регионот зашто поради близината на Јадранското и Егејското море, државите од Грција до Хрватска се погодени од климатските промени.

(извор www.sdk.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани