Битолчанец на возраст од 46 години е жртва во сообраќајката кај Тополчани

Август 03, 2019

46 годишниот битолчанец, со иницијали З.С. ,возачот на “цитроен берлинго“, загина на самото место во тешка сообраќајна несреќа што денеска околу 12:40 часот се случила на магистралниот пат, Прилеп – Битола, кај селото Тополчани.

 

Во сообраќајната  незгода  се судриле две патнички возила, “опел астра“ и “цитроен берлинго“, управувано од лицето  од Битола.

Според информациите од битолската полиција во незгодата починал возачот, а повредени се четири лица кои се пренесени во болницата во Битола и според првичните информации  тие не се во животна опасност.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани