Пајките во Драгорот останаа без засолниште

Ноември 16, 2017

По обилните врнежи од дожд деновиве, засолништето на семејството пајки кое од летоска живее во Драгорот, се најде под надојдените води на реката.

Проектот е на Иницијативниот одбор за оплеменување на автохтоната пловна фауна на реката, кој ги пушти пајките во Драгор во јули годинава, по што беше поставено и засолниште до ѕидот на коритото, на дел кој беше на суво. Сега, пајките останаа без нивното живеалиште, кое е поплавено, а се гледа само стреата.

пајки 4

Оваа идеа се реализираше и  покрај големото загадување на водата во реката, затоа што во неа се слева дел од канализацијата, а истот така, речното корито со години е неисчистено, па многумина се прашуваа како и колку пајките ќе преживеат во ваква средина, а и дали ќе ги издржат поларните температури во зима, кога често се случува реката Драгор да замрзне.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани