Септември 19, 2019

Street gif

Проверете го моето директорување, повика од говорница обвинетата во „Транспортер“ Анита Ангелевска

Август 29, 2019

Анита Ангелевска една од дваесеттемина  обвинети во судскиот предмет „Транспортер“ на СЈО за проневера на 360 илјади евра со бесплатниот школски превоз повика од говорницата во битолскиот Совет власта да го провери нејзиното директорување во гимназијата „Таки Даскало“ за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Кога СДСМ  ја презеде власта, гимназијата „Таки Даскало“ каде во еден период и Ангелевска беше директор должеше  и до 25 милиони денари кон добавувачи и општината, и со години беше едно од најзадолжените училишта.  

Па, откако денеска Ангелевска стана на говорница да ја критикува власта за состојбите во образованието при тоа користејќи ги зборовите лажговци , циркуси и хаос во образованието, се охрабри  и повика:

 

-Се има проверливост. Слободно можете да ги видите годините на моето директорување во „Таки Даскало“ какви биле и што се случувало. И вие како и во се друго заборавате еден факт- кога дојдовте на власт, кој е сега на власт и чија е одговорноста за нефункционирањето на градот и на институциите во него, рече Ангелевска.   

Советникот на СДСМ Зоран Стојчевски, рече дека најмалку очекувал за образование да зборува токму Ангелевска .

-Кој направи хаос во образованието? За тој хаос во образованието ви кажаа битолчани и си ја плативте фактурата, и за тој „Транспортер“, возврати Стојчевски.

Судскиот процес „Транспортер“ е во тек. За проневера на пари од бесплатниот школски превоз покрај бившиот градоначалник Владимир Талески се обвинети и директори на училишта и превозници.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани