Џип пак паркиран на пешачката зона покрај Драгор

Септември 26, 2019

Паркирани автомобили често можат да се видат кај новата пешачка зона покрај реката Драгор, на потегот од Безистенот до Ленски мост.

Денеска џип беше паркиран веднаш до дрвеното мовче, а околните дуќанџии велат дека некои нивни колеги имаат обичај да ги оставаат возилата овде и покрај нивните реакции

-Сите имаме коли и што би било ако ги наредиме овде на пешачката зона. Законите треба да важат за сите, ова се случива секојдневно и не е инцидентно, па вака да се толерира, велат дуќанџиите
 
Апла.мк и пред еден месец фотографираше паркирани возила на истото место. 
Денеска иако сообраќајната полиција вршеше контрола на улицата кај Безистенот, сепак ова возило не беше во нивниот фокус, барем додека екипата на апла.мк беше на оваа локација
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани