Ја асфалтираа, па ја раскопаа улицата "Кузман Јосифовски"

Ноември 25, 2017

Не помина долго време по комплетната реконструкција на улицата "Кузман Јосифовски" во центрот на Битола, а новиот  асфалт неодамна е раскопан на две места. 

20171125 160741

На едно место, улицата попречно е раскопана од едниот до другиот крај на ивичниците, поставен е тампон, па возилата подрипнуваат.  

Малку погоре, афалтот е раскопан во должина од неколку метри, покрај ивичниците и местото е обезбедено со црвена лента.

20171125 160614

По повеќемесечна реконструкција, оваа улица беше повторно пуштена во употреба на 21 август годинава, кога поранешниот градоначалник, Владимир Талески, соопшти дека комплетно биле заменети водоводната и канализационата мрежа и поставен нов асфалт, за што од општинскиот буџет беа потрошени 15,5 милиони денари. 

Kuzman J 21817 3

Немаме информација зошто новиот асфалт е откорнат, но, речиси и да нема улица во  градот, која не била раскопана по асфалтирањето.

Улицата "Кузман Јосифовски" е главна сообраќајна артерија во старото градско јадро во Битола и е една од најфреквентните по воспоставувањето на новиот еднонасочен сообраќаен режим во овој дел од градот. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани