2win800x200

Пијани, без возачка и со нерегистрирани возила-опасни возачи по битолските улиците

Декември 16, 2019

Совозач на пијан возач кој управувал со нерегистрирано возило, физички  го нападнал полицаецот кој го запрел автомобилот поради контрола. Настанот се случил во неделата, на 15 декември, утрото после 2 часот на  крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и бул.„1-ви Мај“ во Битола.

"Полициски службеници го лишиле од слобода З.М.(40) од Битола,  сопатник во патничко возило „Киа“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал З.К. под дејство на алкохол и кое било нерегистрирано, а кое претходно било запрено од полицискиот службеник. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок",  се наведува во соопштението од СВР-Битола

Инаку за време на викендот, при контрола на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, констатирано е дека 14 возила биле нерегистрирани, 15 возачи управувале возило без возачка дозвола, 16 возачи биле под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, четири возачи зборувале на мобилен телефон, а девет возачи не користеле сигурносен појас.

За сите возачи изречени се соодветни казни, информираат од СВР Битола

Е. М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани