2win800x200

Со фотографии се „ловат“ несовесни возачи низ Битола

Декември 08, 2017

Иницијативата „Битола на точак“ на својата ФБ страница креираше албум насловен „Битолски сообраќаен срам“, каде  се објавуваат фотографии на  несовесни возачи и возила паркирани на несоодветно место.

24796294 933383710142936 3337410718784714104 n

24796572 933385003476140 5431193912637998473 n

„Очекуваме да се вклучите во оваа акција, да придонесете со ваши примери и секој месец ќе одбираме "најдобар" срам!“, пишуваат на ФБ страницата на  иницијативата „Битола на точак“.

24796578 933379700143337 2022364782846935936 n

24796703 933383970142910 7212755849558807780 n

Возачи, внимавајте! Можеби токму некој од вас ќе биде дел од фотоалбумот „Битолски сообраќаен срам„

24909780 933385606809413 3426081577609149643 n

Битола е една од општините со најмногу возила по глава на жител. Во градот има 21 илјада автомобили, а заедно со сите возила, бројката е околу 25 илјади, од кои е окупиран јавниот простор, така што има се помалку место за пешаци и велосипедисти. Сообраќајниот метеж од ден на ден се зголемува, а и покрај големото аерозагадување, речиси никој не се откажува од својот автомобил, иако Битола е релативно мал град каде не секогаш е потребно возило. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани