Webp.net gifmaker

Караорман и Дебарска четврт ден без струја

Јануари 21, 2020
фото интернет фото интернет

И по четири дена се уште нема решение на проблемот со дефектот во  електричната мрежа на улиците Караорман и Дебарска на битолскиот Баир.

 Од ЕВН велат дека дефектот  настанал поради преоптоварување на мрежата,  па целосно изгорела трафостаницата која со електрична енергија ги напојува жителите на улиците Дебарска и Караорман во Битола.

ЕВН и утрово нема одговор кога двете улици повторно ќе бидат приклучени на електричната мрежа, иако вчера најавија дека се обидува  што е можно повеќе од корисниците да префрли  на други напојни точки.

Жителите се жалат дека од саботата претпладне, околу 10 часот, се без струја, за што покрај што го трпат студат, имаат и материјални штети. 

 

А.Б

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани