Webp.net gifmaker

Дошле во Битола од Италија преку Грција и не ја почитувале самоизолацијата

Март 24, 2020

Битолското обвинителство бара казна од 12 илјади евра за тричлено семејство од Битола и уште едно лице од Скопје кое престојувало во нивниот дом, затоа што не ја почитувале мерката за домашна излоација откако влегле во државата од високорична земја.

Двајцата сопружници од Битола на возраст од 43 и 40 години и нивното 17 годишно дете, како и уште едно 18 годишно лице, допатувале од Италија во Битола преку Грција на 14 март и биле дожни да бидат во двонеделна домашна излација. 

Но, тие не постапиле според прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемија на заразната болест предизвикана од коронавирус COVID-19 и на 19 март го напуштиле домот.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд Битола на трите полнолетни лица да им определи парична казна во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 40 евра.

За малолетното дете, пак, до судијата за деца при Основниот суд Битола е поднесено Барање за поведување подготвителна постапка.​

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани