Август 15, 2018

Фашистички пароли на битолски Широк Сокак

Јануари 18, 2018

Графит со фашистичка порака испишан   е денеска на фасада  на битолски Широк Сокак. Графитот е на македонски и албански јазик, што алудира  на Законот за употреба на јазиците.

Ваквиот графит предизвикаа жестоки рекации на социјалните мрежи, каде граѓаните коментираат дека пораките се срам за Битола и битолчани, кои се гордеат со епитот космопoлитски град, а да посакаш некому смрт е нечовечно и нема допирна точка со патриотизам

Други граѓани, пак, шеговито додаваат дека на графитот може да се гледа и од светлата страна, односно, дека е напишан правилно , двојазично, и дека се почитува Законот за употреба на јазиците, иако се уште не е на  сила. 

Има и такви кои апелираат да се негува соживотот и објавуваат  фотографии на Албанци и Македонци, кои во Загреб на Европското првенство во ракомет,  заеднички  се радуваат на успесите на македонската репрезентација

Оваа појава во последните години постојано се повторува во Битола. Графити со фашистички содржини и кукасти крстови често се среќаваат на фасади, споменици и други објекти. Во ниту еден случај сторителите не биле откриени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани