Октомври 17, 2018

По тепачка на веселба во Царев Двор, завршиле во болница

Февруари 04, 2018
Царев Двор Царев Двор

Шест лица се повредени во масовна тепачка што се случила синоќа на веселба во хотелот во ресенското село Царев Двор, по што со возило на итната медициснка помош и со приватни автомобили биле префрлени  во битолската Клиничка болница.  Еден ресенчанец се здобил со убодна рана во пределот на градниот кош и расекотини по лицето, а кај оснатите пет лица биле констатирани полесни повреди, по што се пуштени дома, информираат од полицијата.

До тепачката дошло синоќа после 22 часот, кога телефонски во полициската станица во Ресен било пријавено дека е нарушен јавниот ред и мир и дошло до физичка пресметка меѓу Б.А. (22) и У.Ф. (31) од Охрид, од една страна и Т.К., Е.К., Т.К., Р.К., О.М. од Ресен како и други лица кои биле присутни на забавата од друга страна.

Извршен е увид на местото на настанот, а информирано е и Основното јавно обвинителство од Ресен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани