2win800x200

Скопјанец ги ограбувал аптеките во Битола

Април 23, 2018

Разбојник од Скопје ограбувал аптеки во Битола. Битолската полиција до ОЈО Битола, поднесе кривична пријава против  Д.Ј (31) од Скопје каде и живее заради постоење на основи на сомнение дека пријавениот сторил седум  кривични дела “Разбојништво“ по чл. 237 ст.4 од КЗ на РМ.

Пријавениот во периодот од 04.01.2018 до 10.04.2018 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со употреба на пиштол, ивршил седум кривични дела „Разбојништво“ од аптеки на различни локации во Битола, на начин што најчесто им го вперувал пиштолот на вработените во аптеките и им ги барал парите од дневниот промет, а во еден случај покрај парите од вработената во аптеката побарал и одзел 8 шишиња метадон од по 10 мл. Со сторените дела пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 126 100  денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани