Февруари 21, 2019

Битолската изрека „ти му збораш за ќумурот, а тој за дрвата“ се почесто се практикува во битолскиот Совет. Најново комарците и глувците во Советот се помешаа со свињите.

Јавниот превоз поскапува, тврди битолската опозиција , додека власта  најавува нов модел со кој конечно ќе се реши проблемот со бесплатниот превоз на ученици.

Советот  на Општина Битола на денешната седница донесе одлука да ја прифати донацијата од Сообраќајниот испитен центар ``АМ`` ДООЕЛ- Битола, за изградба на полигон во Битола. Полигонот ќе биде лоциран на излезот од градот кај населбата Горно Оризари.

-Носиме одлука за примање на донација за изградба на полигон за полагање на возачки испит. Тоа е работа кој Битола ја немаше во последните осум години. Ние кога бевме опозиција се залагавме дека ќе го направиме. До крајот на годината  Битола ќе има полигон, изјави денеска претседателот на Совет, Валентин Груевски.

Земјиштето каде ќе биде лоциран полигонот  од државно е префрлено во сопственост на Општина Битола.

„Враќање на долговите на училиштата (Општина Битола треба да добие 2,5 милиони евра со новиот Закон за поддршка на општините)“. 

Инаку долговите во образованието се наследени од претходната власт и изнесуваа, според изјавите од Општина Битола, 4,5 милиони евра. Дел од долгот надлежните рекоа дека е намален, а сега со помошта од државата се очекува уште поголемо растоварување. 

Репликата „партискиот начин на работа преовладува и не знам дали ќе има спас од ваквото функционирање “ искажана од независната советничка Габриела Илиевска на вчерашната седница,  предизвика сочна политичка кавга во битолскиот Совет. Претседателот на Совет Валентин Груевски од ЛДП, го возврати ударот нарекувајќи ја Илиевска „истурен играч на ВМРО-ДПМНЕ, но на ова не остана имун советникот Ивачно Тошевски, од ВМРО-ДПМНЕ возвраќајќи дека тој не е за непринципиелни коалиции.

Страница 1 од 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани