Ноември 14, 2018

До 18,30 часот од  82 131 гласач во општина Битола гласале 32.73 проценти, соопшти ДИК. Според ова, своето гласачко право го искористиле  26 855 битолчани.  

Најголема излезност на гласањето за референдум е забележана на гласачките места во месностите Градчето Пејтон, Стевче Патако,  училиштето „Кирил и Методиј“ и кај Гроздот, а од селата во Лера, покажуваат резултатите на ДИК. Најмала излезност има во селото Ново Змирнево, Драгош, Ѓавато и Габалавци.

До 17 часот во Битола излезноста е 27,63 проценти, односно на гласање излегле 22.675 граѓани со право на глас, објави ОИК. Во Општина Новаци излезноста е 24,43 %, а во Општина Могила до 17 часот на гласање излегле 16,58 проценти од граѓаните.

Од канцеларијата на народниот правобранител и од битолската полиција информираат дека досега кај нив нема пријави за нарушување на гласачкото право. Исто така за мирен референдумски ден потврдуваат и од  ОИК, од каде велат дека до нив не пристигнал ниту еден приговор од избирачките места.

До девет часот утрово 2,8 проценти од гласачите излегле на гласање во општина Битола, соопштија од Општинската изборна комисија. Навреме биле отворени сите гласачки места и гласањето течи без проблеми.

 

На гласачките места утрово најчести беа пензионерите кои уште рано сабајче излегоа да го остварат своето гласачко право. Сепак, раздвиженоста беше слаба, па поголем број гласачи се очекуваат во текот на денот. Дел од гласачите изјавија дека очекуваат денот да мине без проблеми и граѓаните да го искажат својот став, а други пак, не сакаа да зборуваат во јавноста за очекувањата.

Страница 1 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани