Февруари 21, 2019

Четириесет минути по полноќ, во битолската Клиничка болница се роди првото бебе во Новата година. Мајката Александра Максимиовска од Битола, на свет донесе здраво машко бебе, тешко 3250 гр и долго 49 цм..

 Голем број битолчани ја дочекаа Новата 2019 година на плоштадот Магнолија во Битола. Точно на полноќ, со голем огномет беше означен влезот во Новата година,  по што беше прочитана новогодишната честитка од градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која беше меѓу своите сограѓани на Магнолија. 

 Во недела во текот на ноќта и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските, а снег на повисоките места и на планините.

За Нова година на плоштадот Магнолија битолчани ќе ги забвуваат група „Боеми“, „Силви Бенд“, пејачот Сефедин  Бајрамов и ди џеј Христијан Ѓаковски. Во настапот насловен „Кафана Широк Сокак“ кој започнува за време на најлудата ноќ од 22,45 и ќе трае половина час по полноќ, ќе настапат гурпата „Боеми“, како и актерите Илина Чоревска, Викторија Степановска Јанкуловска, Марјан Ѓоргиевски и Маја Андоновска Илијевски. На полноќ ќе има огномет, а потоа со настапот продолжуваат Боеми се до 1,30 по полноќ.

Новогодишната програма во организација на Општина Битола ќе трае два дена, во недела и понеделник и предвидени е богата детска програма со многу песни и пет театарски претстави.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани