Ноември 13, 2018

Синоќа панда првиот снег на Пелистер како што се гледа и на фотографијата на планинарот Јонче Илиевски направена на врвот Антена. Илиевски вели дека снегот паднал уште вчера вечер во повисоките делови на планината над 2400 метри надморска височина, но снежната покривка засега е тенка и изнесува само неколку сантиметри. 

Под тежината на снегот што наврна во текот на ноќта попушти и се сруши тенда на Широк Сокак. Воедно, врнежите предизвикаа и проблеми со струјното напојување во делови од месноста Бела Чешма и населбата Ушици во Битола..

Снежен старт на пролетта или како што некои напишаа на фејсбук „Дедо Мраз ја заборави Баба Марта“ и „цела зима пролет, а сега цела пролет зима“. Битола под снежна покривка од пет сантиметри и температура до нула степени. Снег и на Пелистер, а од утре продолжува ски сезоната на „Копанки“. .

Поради врнежите од снег на планинскиот премин Ѓавато од 19,20 часот е воведена забрана за тешки товарни возила. 

Под снежниот врв на Пелистер, цветаат магнолии. Вака изгледа Битола од градскиот парк. Од едната страна се вишнее планината каде има снежна покривка од 40 тина сантиметри, а од другата страна всипани од цветови се магнолиите. Битолчани можат да уживаат во две годишни времиња. Во зимата на Пелистер каде снегот може да ја продолжи сезона или да прошетат во градскиот парк каде пролетта магнолиите ги обои во розово-пурпурна боја.Поради нивната убавина и плоштадот во срцето на Битола е наречен Магнолија.

Страница 1 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани