Февруари 21, 2019

Општина Битола деновиве ја отплати втората рата во износ од 7.866.783 денари, од кредитот кој што беше земен од Светска банка од претходната локална власт.

„Со оваа исплата за само шест месеци,заедно со првата рата во вредност од 7.840.623 денари, општината покрај тековните обврски, успеа да исплати вкупно 15.707.406 денари, или над 253.300 евра“, соопштија од Општина Битола.

Екс градоначалникот Владимир Талески на досегашните аудиции во Народниот театар во Битола никој не одлучил да го земе во претстава, рече директорот на театарот Иван Јерчиќ. На новинарско прашање дали Талески доаѓа на работа и дали зема плата, Јерчиќ рече „ние познаваме многу повеќе луѓе кои ни се далеку од државата, па земат плата, а не одат на работа“.

„Во минатата година сите подели на улогите функционираа на принцип на отворена аудиција, Владимир Талески досега никој не одлучил да го земе во претстава, кога ќе одлучи некој, ќе се појави тој на работното место“, рече Јериќ.

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да се одржи  ново рочиште  за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Транспортер”.На обвинителна клупа денеска, треба да седнат поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица во овој случај кои се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Битолската полиција поднесе уште една кривична пријава против екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Овој пат тој се товари за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според полицискиот извештај, Талески во период од 2015 до 2017 година, спротивно на Законот за локална самоуправа дозволил две правни лица да бидат ослободени од плаќање месечен надомест за вршење линиски превоз на патници во општина Битола. Со ваквата постапка тој нанел штета на општината во висина од 799.200 денери.

Битолската полиција поднесе нови кривични пријави против ексградоначалникот на Битола , Владимир Талески и негови соработници од претходната локална самоуправа, вработени во Општината. 

Талески овој пат се сомничи за злоупотреба на службената положба. Поранешниот раководител за финансии и член на Комисијата за јавни набавки, Слободан Бончановски, правникот од Општината  и член на комисијата за јавни набавки М.К. и советничката за образование и член на истата комисија С.П. се осомничени за несовесно работење во службата.

Страница 1 од 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани