Ноември 14, 2018

До 30 ноември доколку Општина Битола не обезбеди полигон ќе треба да го затвори Испитниот центар  во градот, предупреди независната советничка Габриела Илиевска на последната седница на  Советот  на Општина Битола, поставувајќи прашање  до градоначалничката Наташа Петровска .

-Се сеќава јавноста, се сеќаваат сите дека во март месец напишавте статус дека ќе има полигон. Дали некој ви има кажано дека до 30 ноември доколку Општина Битола не обезбеди полигон ќе треба да го затвори Испитниот центар во градот ?  Доколку имате таква информација ,ме интересира каде ќе биде полигонот, дали ќе го стопанисува општината, какви ќе бидат обврските?, праша Илиевска.

Репликата „партискиот начин на работа преовладува и не знам дали ќе има спас од ваквото функционирање “ искажана од независната советничка Габриела Илиевска на вчерашната седница,  предизвика сочна политичка кавга во битолскиот Совет. Претседателот на Совет Валентин Груевски од ЛДП, го возврати ударот нарекувајќи ја Илиевска „истурен играч на ВМРО-ДПМНЕ, но на ова не остана имун советникот Ивачно Тошевски, од ВМРО-ДПМНЕ возвраќајќи дека тој не е за непринципиелни коалиции.

Советот на Општина Битола со одлука ја задолжи градоначалничката Петровска да побара од Министерството за животна средина во најбрз можен рок оспособување на мерната станица Битола 2. Предлогот беше на советничката Габриела Илиевска од Поинаку, а советниците едногласно го прифатија.

Кавга меѓу дел од советници од локалната власт и опозицијата изби на денешната седница на Совет за време на дискусијата по иницијативата покрената од Општина Битола за формирање на Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници.

Советниците од опозицијата негодуваа дека иницијатива се покренува пред референдумот, па ја оценија како популизам, а советниците од владеачкото мнозинство обвинија дека претходната власт склучувала  договори кои се злоупотребувале, а тие ќе формираат јавно претпријатие кое ќе биде во сопственост на Општината, па парите од паркинзите ќе се трошат за доброто на градот.

Од кредитот за изградба на улици во поранешната касарна што го подигна бившата локална власт во висина од 2 и пол милиони евра, сега останале пари, па новата локална власт ќе прави уште десет нови улици во новата населба Златен рид. Независната советничка Габриела Илиевска на говорница побара градоначалничката Нашата Петровска да образложи дали од оваа дистанца задолжувањето било наменско.  

-Дали денес вршиме проширување  на одлуката на онаа „селска“  или Светска банка што ја нарекувавме кога бевме заедно во опозиција за подигнување на кредит. Би сакала да го цитирам колегата  кој тогаш рече „ако ова е во ред зошто тогаш не се нацрта Владимир Талески , туку вас ве пушта по вода“. Денес го имам истото прашање –Зошто денес ако ова е во ред и ако овие пари од кредитот се во ред не се нацрта Наташа Петровска , туку вас ве пушта по вода ? Горда сум што сум гласала против ваков кредит и се уште сметам дека не требаше , бидејќи тогаш еден од колегите од опозицијата кој сега е директор рече: зошто не побаравме позајмица од Владата без камата? Би сакала некој од власта да кажи  сега дека Владата на Р. Македонија и дала позајмица на Општина Битола без камата, рече независната советничка Илиевска.

Освен Илиевска никој друг не ја коментираше новата одлука.  

-Бидејќи никој не бара збор ја заклучувам точката и одлуката за дополнување на одлуката со која од првично предвидените ќе се изградат 10 нови улици во поранешната касарна, ја ставам на гласање, рече претседателот на Совет, Валентин Груевски. За одлуката се гласаше едногласно и од советниците од власта и од двајцата советници од „Поинаку“. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ пред тоа ја напуштија седницата.

 

Врз основа на член 20 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр.61/04, 96/04, 67/07, 156/09 и 47/11), член 4 од Законот за јавен долг („Сл.Весник на РМ“ бр.62/05, 88/08, 35/11 и 139/14) и член 36 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/02), Советот на Општина Битола на седницата одржана на 00.00.2018 година, донесе:

                                                                                                               О Д Л У К А

за дополнување на одлуката  за долгорочно домашно задолжување на Општина Битола во рамки на Проектот за подобрување на општинските услови (МСИП)

                Член 1

Со оваа Одлука се врши дополнување на Одлуката за долгорочно домашно задолжување на Општина Битола во рамки на Проектот за подобрување на општинските услови (МСИП), („Сл. Гласник на Општина Битола“ бр. 00) на начин што во членот 1 по зборовите „Рокдаил“ се  става запирка и се додаваат следниве улици: СРУ6, СтУ5, П28 и СРУ6А, именувани како „Илија Николовски – Луј“; СтУ2  именувана како „Тодор Скаловски“; СРУ7 именувана како „Рокдаил“ и СтУ1 и СтУ 1.1 именувани како „Григор Прличев“.

 Во истиот член по зборовите „Св. Јован Кукузел“ се додаваат следните улици: СтУ9, СтУ10 и СтУ10А именувани како „Митрополитска“.

Член 2

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во Службен гласник на Општина Битола.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани