Ноември 14, 2018

Во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Битола и граѓаните продолжувачи, денеска беше одбележана 76 годишнината од смртта на Стив Наумов и Мите Богоевски, а по тој повод претседателтот на боречката организација, Александар Трајковски, претставници од семејството на народниот херој Стив Наумов, градоначалничката Наташа Петровска, претставници на политичките партии, граѓани и учниците од ОУ „Трифун Пановски“ денеска положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Стив Наумов, на битолски Широк Сокак.

Претставници од Сојузот на борците во Битола, градоначалничката Наташа Петровска, претставници на Советот на општина Битола, од неколку политички партии, како и ученици од основното училиште „Стив Наумов“, денеска ја одбележаа 74 годишнината од бегството на политичките затворенци од бугарскиот фашистички затвор кај Црн Мост. По тој повод, присутните положија цвеќе и му одадоа почит на загинатите борци.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 19 август, во 1921 година во селото Раково, Леринско, Егејски дел на Македонија бил роден Трајче ГРУЈОСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

На денешен ден - 26 јули  во 1946 година во Ениџе-Вардар, Егејски дел на Македонија, е убиена Ирина ГИНОВА-Мирка, припадник на македонското националноослободително и грчкото комунистичко движење и учесник во Антифашистичката и Граѓанската војна во Грција.

Денес се навршуваат 76 години од смртта  на Ѓорѓи Наумов, Блаже Рогозинаро и Кочо Десано, кои од бугарскиот фашистички окупатор биле осудени на смрт со бесење, а пресудите биле извршени на 21 јули 1942 година  во Скопскиот затвор

По тој повод, Општинскиот Одбор на Сојзуот на Борци, граѓани продолжувачи како и дел од фамилијата на Ѓорѓи Наумов положија свежо цвеќе пред нивните спомен - бисти.
Страница 1 од 6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани