Фотографии и видео со првиот снег на Пелистер годинава,   на својот ФБ профил сподели битолчанецот Николче Чкламовски, кој  по 149 пат денеска се искачи со велосипед на Антена. Во намера не го спречи ниту снегот.

 

Македонскиот уметник Зоран Кардула во чест на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, изработи портрети од осумте народни херои кои во антифашистичката борба  ги даде градот и со чии дела битолчани и денес се гордеат. Портретите се преземени од неговиот ФБ профил 

 398771684 24579701014978900 8799559182246912517 n

398780088 24579700814978920 6574043638303004436 n

398886798 24579701021645566 2037139175276691392 n

398927314 24579700788312256 9135132750231821692 n

398930145 24579700991645569 4471473153686788835 n

398956579 24579700828312252 3982584148733840407 n

399021555 24579700818312253 5606703215328418453 n

399340021 24579700798312255 9054300274413260805 n

 

79 годишнината од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември  донесе низа активности во текот на денешниот ден. Традиционално, се одржа крводарителска акција во општина Битола, на која вработените и граѓаните даруваа од најдрагоцената течност, која спасува човечки животи. Одзивот беше голем, а крводарителите и вработените во Одделението за трансфузиологија, кои што денес беа на терен, ги посети градоначалникот Тони Коњановски.

Тој посочи дека хуманоста на граѓаните во Битола е секогаш на завидно ниво, а истовремено од екипата на трансфузиологија, беше информиран за текот на самата крводарителска акција.

На отворено, на Плоштадот Магнолија, денес се одржа и Пинг-понг на отворено, во организација на пинг-понг клубот „Пелагонија“. Градоначалникот Коњановски изрази особeно задоволство што млади лица сакаат да се занимаваат со овој спорт и да бидат дел од пингпонгарскиот клуб. На обострано задоволство, градоначалникот одигра неколку меча со младите пингпонгари.

Традиционално, во хотелот Премиер, се одржа и Шаховсиот турнир за слепи лица, на кои што голем дел натпреварувачи ги одмерија силите во шаховските вештини. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани