Нашата 16 годишна битолчанка Теодора Мицевска, ја понесе Гран При наградата  на Меѓународниот фестивал во Молдавија каде се претстави со исклучителна изведба на македонската народна песна „Јано мори“. На оваа манифестација што се одржа од 27 до 31 октомври, Теодора настапи во силна конкуренција со учесници од Романија, Украина, Русија, Молдавија,Бугарија, Албанија, Косово, а таа беше единствен учесник од Македонија и го понесе највисокото признание. Самиот натпревар има повеќе категории, естрада, фолклор, балади, поп, џез, кореографии, гимнастика, уметност итн.

-Гордо ја претставив нашата држава на музичката сцена во Молдавија и пред многубројна публика. Тоа е еден од поголемите меѓународни фестивали што се одржува во Молдавија во главниот град Кишинев. Чувството е исклучително и неописливо. Учествував во категоријата фолклор со изведба на една од најубавите македонски народни песни " Јано мори", изјави теодора за апла.мк

Таа по вторпат настапува на фестивалот во Молдавија. Во 2019 се претсави со песната "Ој ти пиле", што ја споделуваме со нашите читатели, а за овогодишниот настап очекуваме видео наскоро.

Со одлука на стручна комисија наградата „Книжевен круг за проза“ се доделува за ракописот „Три во тринаесет“ од Јована Матевска Атанасова, наградата „Книжевен круг за поезија “ се доделува за „Премолчено пладне“ од Никола Илијовски, а ракописот „Книжевно-критички читања“ од Даниела Андоновска Трајковска ја добива наградата „Книжевен круг за критика“. Наградата за книга напишана на македонски јазик од странски автор се доделува на ракописот „Денот кога го изедовме Бога“ од Гордана Јовиќ – Стојковска.

Битолчанка Јована Матевска Атанасова, е добитник на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2021 година, на конкурсот чиј организатор е Општина Охрид. Јована ова признание го добива за расказот „Пура во Осака“ кој зборува за Друштвото на чувари на макеоднскиот јазик, чии членови на своите собири  актуелизираат прашања што го засегаат опстанокот на јазикот-за истиснување на архаизмите, за користењето на зборови со странско потекло, за исчезнување на традиционалните македонски имиња...

Јована,  наградата „Живко Чинго“ ја понесе и лани за нејзини

Неврохирургот Владимир Рендевски, битолчанец кои живее и рботи во Скопје,  доби награда за најдобар научен труд во категоријата на млади неврохирурзи, која се однесува на истражување модели за предвидување на клиничкиот исход кај пациенти кои имаат губиток на крв во циркулаторниот систем односно хеморагија.

Претставата на Битолскиот народен театар „Бакхи- краток преглед на распадот“ според Еврипид во режија на Игор Вук Торбица, е најдобрата претстава во целина на Меѓународниот театарски фестивал во Приелеп „Војдан Чернодрински“, соопшти денеска фестивалското жири во состав  Бедија Беговска, претседател и членовите Љиљана Благојевиќ и Маја Вељковиќ.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани