Луксузен автомобил „Лексус“ паркиран на Широк сокак на пешачката зона пред хотелот Епинал  денеска напладне  ги привлече погледите на битолчани  на главната шетачка улица.  Автомобилот кој беше со скопски регистарски таблички не ги остави рамнодушни битолчани  кои нагаѓаа дали некој скопјанец си игра мајтап во Битола, па автомобилот го оставил на Широк сокак додека пие кафе отспротива   или пак можеби е подарок за наградна игра. Како и да е  едно е сигурно која и да е причината што сопственикот го оставил автомобилот  на пешачка зона претерал, а што е уште посимптоматично и сообраќајната полиција која беше во близина не реагираше  на ситуацијата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани