2win800x200

Вандали ги откорнале металните билборди во Градското шеталиште во Битола, под Спортската сала,  каде стојат  насоки од Агенцијата за спорт и млади  како да се користат поставените спортски справи и реквизити. Еден од билбордите е сосема откорнат и отуѓен, додека другиот е соборен на земја и оставен.

Граѓаните кои утрово биле на прошетка во градскиот парк беа згрозени од ваквата глетка  и бараат од полицијата да ги открие вандали кои во неколку наврати само оваа година дивееја низ Градското шеталиште. 

received 709727886077170

received 198982994334211

Вандали дивееле на Булеварот 1-ви Мај корнејќи ги металните столбчиња   од бетонот  и уништувајќи ги бехатон плочките на дел од патеките во близина на автобуската станица кај Црн мост.  

Граѓаните кои живеат во близина  се згрозени и револтирани од ваквото примитивно и недолично однесување на сторителите, со забелешка дека ваквото дивеење се повторува без да се најдат и казнат сторителите.

Вандали во текот на ноќта ја демолирале урбаната опрема на битолското шеталиште. Позади себе оставиле пустош, превртувајќи ги и уништувајќи ги жардинерите со цвеќиња, а исто така искршиле и десетина корпи за отпадоци.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани