Денеска пристигна судска пресуда во корист на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за случајот каде што од профил на социјалната мрежа Фејсбук именуван како „Сашо Митев“ е напишан коментар под објава на Фејсбук страната на ЗНМ. Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку не го повтори делото во рок од една година по правосилноста на ова дело.

Говорот на омраза е наше  секојдневие, посебно на социјалните мрежи,  но пошироката јавност не е многу информирана што точно значи тоа.

Полицијата поднесе кривична пријава против А.В. (17) и Ѓ.Д. (18), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „расна и друга дискриминација“. На 18.01.2018 година околу 02.30 часот на фасада од зграда на  Широк сокак во Битола пријавените испишале графит со недолична содржина на македонски и албански јазик. Секторот за внатрешни работи Битола, Одделението за Криминалистичка полиција, по превземени мерки и активности, го расветли настанот и ги откри сторителите.

Графитот на фасадата на зграда на Широк сокак  во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик,е и  со додавката „Закон си е закон“ алудирајќи на Законот за употреба на јазиците.

Министерството за Европа и за надворешни работи на Албанија денеска  го осуди говорот на омраза кон Албанците, во графит на јавен простор во Битола и побара од македонските власти да го истражат случајот. Станува збор за графитот на фасада на зграда на Широк сокак  во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик, со додавка „Закон си е закон“ алудирајќи на Законот за употреба на јазиците.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани