Ноември 13, 2018

Битката на Неретва и по 75 години привлекува туристи Пишува: д-р Фанче Јошевска

Октомври 05, 2018

 

Помнинаа 75 години од битката на Неретва, а таа и понатаму привлекува туристи. Пристигнувањето во Босна и Херцеговина на местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите е момент кој предизвикува испреплетени чувства што се појавуваат како последица на глетката во сегашноста, но и она што многумина од нас, кои тргнале на тоа патување, го носат како трајна вредност изградена во едни други времиња кога идеологијата на животот беше чиста и искрена.

Самиот простор опкружен со импозантните предели на Јабланица е нешто кое ја дава силата на самото место и целиот престој е пропратен со едно посебно чувство кое му дава надеж на посетителот дека сѐ ќе биде во ред.1024px The bridge Tito built to fool the Germans in 1943

Погледот од изградениот мост во длабочините на Неретва влева немир и малку застрашува. Но, нејзината длабочина истовремено потсетува на она што се случувало во февруари и март 1943 година. Ја покажува својата природна моќ која ниту една сила не може да ја победи. Самиот пристап од каде може да се погледне долу, во самиот тек на реката не е, можеби намерно, сигурносно обезбеден, но тоа најверојтво е направено за да се долови вистинската слика од минатото гледајќи го срушениот мост од другата страна.

Инаку, Битката на Неретва била битка за спас на 4000 ранети што ја воделе партизанските единици против здружените окупаторски сили во февруари и март 1943 година. Партизаните, ранетите, народот на крајот на февруари 1943 година се нашле целосно опколени во долината на реката Неретва.

Командантот на партизанските сили Јосип Броз Тито во тие тешки моменти наредил рушење на мостовите. Срушени биле четири мостови на реката Неретва. Германските команданти тогаш биле уверени дека партизаните и ранетите нема да тргнат на исток преку Неретва, туку на север во долината на реката Врбас. Од таа причина таму и ги концентрирале силите. Но, пробојот низ обрачот партизаните не го извеле во тој правец, туки преку реката Неретва во Јабланица. Така било разбиено силно вооружување од опколената војска, измачена од борби и без помош од страна.

Токму на тоа место до денес е зачуван еден мал топ со потекло од Втората светска војна. Погледот те носи до возот кој е застанат од оваа страна на Неретва каде е пристапот на самите посетители, кој со своето преносно значење секој посебно го доживува и го толкува.

За жал, Музејот беше затворен, можеби поради фактот што беше неработен ден, недела, или поради некоја друга причина која не успеав да ја разберам. Тоа предизвика разочарување, со оглед на фактот што надворешниот простор со сѐ она што останало од минатото развива едно моќно чувство кај посетителот, но сепак конкретните примероци кои сведочат од тој период, може и треба во секој дел од денот да бидат достапни за да се видат, доживеат и да потпомогнат во формирањето на комлетната слика кај посетителите.

Она што можев да забележам е посетители во доста голем број, не премногу, но сепак доволно за да се констатира фактот дека Неретва го преизвикува љубопитството и интересот на поединецот. Во тој краток период од еден час, колку траеше нашата посета, заминаа два или три автобуси и исто толку пристигнаа, се разбира исполнети со туристи.

Она што на овој простор е добро осмислено е направеното кафуле, во кое посетителите можат да се освежат и закрепнат. Вработените во истото, беа исклучително љубезни млади луѓе кои во секој поглед коректно се однесуваа кон нас како посетителите. На некои споменични места од НОБ во Македонија нема прикладно место за да седнеш и чаша вода да се напиеш.43246194 870521173145912 8003845644005408768 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани