ДЕНЕС ЕУ ИНСТИТУТОТ ВО БИТОЛА ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТЕН СЕМИНАР ЗА МОТИВАЦИЈА

Октомври 17, 2018

image001

„Пет минути винимание за промена во вашите животи“ е мотото под кое денес (24.10 2018, среда)  во Битола, Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија од Скопје ќе оджри бесплатен семинар за мотивација. Еднодневниот семинар ќе се одржи во големата сала на НУ Народен театар Битола во времетраење од 18 до 21 часот. Регистрацијата на учесниците е предвидена за денес од 18: 00 до 18: 30 часот. Битолчани деновиве пројавија голем интерес за присуство на семинарот, па се очекува салата да биде полна.  

По успешните семинари во Скопје и Охрид ЕУ ИНСТИТУТ ќе ги мотивира и битолачани. 

7K5A9760

Секој учесник добива сертификат! Бројот на местата е ограничен. Пријавата и регистрацијата се задолжителни заради изработка на сертификатите.Директниот линк за пријава е 

https://www.cognitoforms.com/EUInstitute2/СЕМИНАР или  тел: +389 75 228 078

Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Предавач ќе биде проф.Д-р Зендел Абедин Шехи

Прмоцијата на книгата „Говорот на телото“ на проф. Д-р Зендел Абедин Шехи што годинава се одржа во НУ УБ “Св.Климент Охридски“ во Битола предизвика голем интерес кај битолчани. Голема посетеност имаше и на двете одржани интерактивни работилници во библиотеката, а ова ќе биде четвро гостување на ЕУ ИНСТИТУТОТ во Битола. Се очекува и овој пат професорот Зендел Абедин Шехи  со своето предавање да привлече бројна публика и салата да биде полна слушатели.  

7K5A9868

“Професионалното и секојдневно усовршување на сите нас е од круцијално значење за успешно надградување на секој човек. Треба се повеќе да се усовршуваме и надградуваме во своите знаења. Да ги подобриме сопствените знаења и практично да ги усовршиме комуникациските вештини, со цел за подобра меѓусебна комуникација, “ апелира проф. Д-р Зендел Абедин Шехи.

ЕУ Институтот редовно врши едукација на компании, вработениот кадар на приватни клиники, хотели, обука на студенти, едукација на просветни работници од образовниот и воспитно-образовниот систем, обучува кадар во општините како во Македонија, така и во Европа.

Семинари, класични и интерактивни работилници се дел од сегментите со кои се занимава ЕУ Институтот за менаџмент, право и дипломатија. Ова се основни сегменти на дел од секое работење, на секаков вид на кадар во фирми, институции или поголеми компании.

7K5A9860

За работата на ЕУ ИНСТИТУТОТ до сега сведочат 10.000 лица кои беа дел од нашите обуки и семинари ( во Македонија и Европа ) и 27 одржани интерактивни работилници, едукација и семинари во 2017година. Во 2018 година само до септмври беа обучени дури 2000 лица.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани