Само уште Тито ја крепи куќата каде се формирала првата партиска ќелија во Ракитница

Февруари 06, 2019

Само сликата на Тито уште ја крепи куќата каде на 15 мај 1941 година била формирана првата партиска ќелија во село Ракитница во текот на Народноослободителната борба за време на Втората светска војна. Токму активностите во оваа партиска ќелија одиграле клучна улога во револуционерното активирање на населението во борбата против окупаторот во реонот на Ракитница.

 

За жал, куќата денес се распаѓа. Само плочата на еден од ѕидовите го чува споменот за некогашната важна улога што местото го имало во организацијата на отпорот. Куќата е во лоша состојба пред целосно распаѓање. Таванот е пропаднат, ѕидовите распаднати, од покуќнина е останато само дотраен шпоред, некоја масичка, а на еден од ѕидовите виси фотографија од Маршалот Тито. Никој одамна не го посетил местото, нити некој се грижи за него. Коравот и другата бујна вегетација го проголтале објектот, а неговото минато паднало во колективен заборав.

Фото: Даниел Станојоски51068865 10214067486346843 5570912692782235648 n

51283532 617608158680279 7654620852440268800 n

51479883 10214067486826855 2964946349700677632 n

51503772 10214067485666826 3514660876068061184 n

51633342 10214067485226815 322583023528706048 n

51338562 2051841395114081 546756522261086208 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани