Гога не е ВМРО-ДПМНЕ за да знае дека загадувањето во Битола не е од вчера

Април 06, 2019

Како што ни е воздухот загаден, загадена ни е и политиката- Со  оваа фамозна реченица кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска  Давкова го започна нејзиното претставување пред битолчани, на синоќешниот митинг. Но Гога (како што народот ја именува кандидатката во предизборието), не е ВМРО-ДПМНЕ, па да знае дека игра на погрешна карта пред битолчани, особено што така лесно истури грст обвинувања кон актуелната власт за загадувањето и со уште поголема леснотија поверува во денот кога  ќе се справи со проблемот , „се уште верувам дека ќе дојде ден кога ќе се справиме со загадувањето од РЕК“.

Гога не е ВМРО-ДПМНЕ, па да знае дека само пред една година во февруари 2018, СВР-Битола  поднесе кривични пријави против петмина поранешни директори и раководители на РЕК-Битола, меѓу кои и за  екс лидерот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола Ј.К (63) кој во тоа време раководеше со РЕК-Битола, за  кривично дело поврзано со „загадувањето на животната средина и околината“.

Гога не е ВМРО-ДПМНЕ, па да знае дека пријавените пропуштиле да ги реконструираат постоечките или да постават нови филтри за прашина, со што дозволиле преку работата на комбинатот да се пропуштаат штетни честички повеќе од 50 милиграми на метар кубен. А исто така пријавените директори, поставени од ВМРО-ДПМНЕ дозволиле да се врши отпепелување на одлагалиштето каде што често се создавале воздушни вртлози од пепел со земја. Па, според истрагата на тој начин предизвикале пораст на статистичкиот показател на загаденоста на воздухот во Битола, што претставува опасност по здравјето на луѓето, стои во соопшетнието на МВР.

Гога, треба да знае  дека и човекот што стои зад  неа  Хистијан Мицкоски, исто така ја дели одговорноста за загадениот битолски воздух , подеднакво со сите останати, зошто и тој своевремено беше на чело на ЕЛЕМ, кога битолчани пак се „хранеа“ со опасните ПМ 10 честички.

Гога, треба да знае   дека загадувањето  на воздухот во Битола е факт и реален проблем кој не се решава на бина со паушални обвинувања и манипулации без докази. Ова е чувствителна тема за битолчани, па е крајно невкусно и некоректно загадениот воздух да се  дозагадува  во „изветреана“ претседателска кампања.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани