Во Спомен куќата на Татарчеви во Ресен артефакти печатени на свила (125 години од Ресенското советување)

Август 15, 2019

На свила се печатени дел од артефактите во Спомен куќата на Татарчеви со цел да бидат подолготрајни. Свилените експонати се помал дел од над 70 архивски материјали кои ја красат обновената родна куќа на великанот на македонската револуција и првиот претседател на ВМРО, доктор Христо Татарчев(1869-1952).

Денес се навршуваат 125 години од одржувањето на Ресенското советување во куќата на Татарчеви. Куќата беше обновена во 2016 година, а на спомен плочата пишува дека на 15 август 1894 година првенците на Внатрешната македонската организација го одржале првото советување што во историјата на македонското национално движење за слобода се претвори во голема предилинденска искра.

Во Спомен куќата дел од материјалите стари повеќе од еден век се оригинали, а има и фотокопии на хартија. Сите тие ја докажуваат големата посветеност на Татарчев и неговите соработници во борбата за слободна Македонија.  

-Во богатата збирка поставена во Спомен куќата има факсимили од Татарчев, писма, разгледници, телеграми . Меѓу нив е и првата страница од докторската дисертација на Христо Татарчев и неговата биографија која била објавена на последната страница од трудот. Изложени се и дописни картички што ги праќал до неговото семејство од Торино, Италија. Дел од архивските материјали се печатени на свила, а не кои копирани на хартија. Урамени се и ги красат ѕидовите од спомен куќата, - раскажуваа експерти од битолски Завод и музеј кои беа вклучени во уредувањето на куќата.22140813 1496616573764487 5866781843394435687 n

(Фото од фб страна на Спомен куќата на Татарчеви) 

Зачувана оригиналната заклетва на организацијата

Во Спомен куќата заслужно место зазема заклетвата што комитите ја полагале при влегувањето во редовите на организацијата. Документот е стар, зачуван во ракопис, насловен како Клетва. Исцртан е крст, а под него пишува „се колнам во името на својата чест и врбата во Бога, дека верно и чесно ќе служам на интересите на својата татковина Македонија, без противење ќе ги слушам наредбите на ВМР Комитетот и ќе чувам во најдлабока тајна се што се врши во името на Комитетот. Во случај тоа да не го сторам да бидам убиен со револверот и со таа кама што ги целивам“.

Како една логичка целина по заклетвата следува Уставот на Тајната македоно-одринска револуционерна организација во која се изнесени залагањата за автономија на Македонија. За досетливоста на Татарчев и обидите дописите меѓу војводите да не паднат во рацете на власта сведочат и зачуваните шифрирани писма што ги праќал до организацијата. Зачувани се и неговите натписи во весникот Македонија од 1932/33 година.

Восочни фигури од осум револуционери

За да се долови периодот кон крајот на 19 век во Музејот изложжени се и спалната и работната маса на Татарчев. Целото богатство на архивски материјал, уметнички слики и ентериер е сместено на приземје и кат со вкупна површина од 280 метри квадратни. Во обновата на куќата на Татарчеви во Ресен, која беше пуштена во употреба во април 2016 година беа вложени 30 милиони денари.

Ентериерот е збогатен со уметничкиот портрет на д-р Христо Татарчев и со три големи сликарски композиции кои бележат значајни историски моменти. Тоа се Ресенското советување на Македонската револуционерна организација во 1894 година (кое се одржало во истата куќа), Ресенската чета на војводата Славејко Арсов која била заштитник на локалното население и на крајот, последното заминување на Христо Татарчев од родната земја.22195611 1496616690431142 991791537385712365 n

(Фото од фб страницата на Спомен куќата на Татарчеви) 

                Овој Спомен дом и сите содржини кои се презентирани во него се богатство кое ќе послужи за едукацијата на сите идни генерации. Тоа го овозможуваат и осумте восочни фигури од познатите македонски револуционери Христо Татарчев и Дамјан Груев, како и на учесниците на Ресенското советување: Анастас Лозанчев, Атанас Мурџев и Георги Пешков, тројцата познати ресенчани, Трајко Китанчев, поет, учител, деец и доследен борец за македонската слобода,   Андреј Љапчев и Симеон Радев личности значајни за балканската историја.

Христо Татарчев бил голем борец за независна Македонија. За жал, починал далеку од својата родна земја, во Торино, Италија во 1952 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани