2win800x200

НАПРАВЕНОТО! (2) И за Офицерски (пишува Валентин Груевски)

Октомври 31, 2019

Минатата недела пишував за неколку крупни проекти и проблеми  кои беа направени и решени во овој двегодишен период од страна на локалната власт. Долговите во образованието, обиколницата, детските градинки, патиштата околу Битола, колекторскиот систем на Пелистер секако и со помош на државата, станаа  или стануваат минато како проблеми, а некои и се целосно решени.  Би сакал да продолжам со набројувањето на она што се е направено, а списокот не е ниту мал, ниту безначаен.

Офицерскиот  дом

Едно од најубавите места во Битола. Долги години оставен на милост и немилост. Наместо дом за култура и туризам, претворен во Дом за бездомници, Дом на искршени прозорци и врати, Дом на пожари. Наместо едно од најубавите места за одмор и рекреација, претворен во паркинг. И тоа паркинг насекаде и во зеленилото и на платото. Едно време добија и идеја да го продаваат за ситни пари, како да им е некоја дедовина. Денес Офицерски се реконструира. Беше изработен проект за негова реставрација, беа обезбедени пари, беше спроведен тендер. За една година  ќе се обнови и повторно ќе блесне во  стариот сјај. И не само зградата туку и просторот околу него. Тоа ќе биде место кое ќе ја збогати туристичката понуда во градот, место на кое ќе се чувствуваме горди, бидејќи сме жители на овој град.

Стадионот

Пред две години само голема ископана дупка, на местото на старата трибина и ништо повеќе. Оваа година веќе се гледа она што никнува. Голема трибина со 4,500 седишта, со соблекувални, прес сали, свечена ложа, допинг контрола и многу други пропратни содржини, потребни за вакви објекти. Минатата година вложени 1,1 милион евра, оваа година исто толку, догодина многу повеќе. Се работи и да се добијат и рефлекторите и ако се биде во ред, Битола догодина ќе  добие супер стадион. Одамна не сме гледале меѓународен натпревар во Битола. Зошто да не размислуваме во тој правец?

ЛЕД осветлување

Морам да потсетам за намерата целото осветлување во градот да се даде на ,,хрватско -шведска“ компанија, на која требаше да и префрлиме 10-на милиони евра во наредните години и таа да се грижи за осветлувањето во градот. Цела среќа по Општината беше, што оваа зделка требаше да се реализира при крајот на мандатот, па немаше доволно време и до крај да се реализира. Во овој период ЛЕД осветлувањето започна да се реализира низ градот, и во наредниот период ќе продолжи многу поинтензивно и побрзо. Покажавме дека имаме капацитет и овој проблем да го решаваме, со сопствени средства и сили, за многу помалку пари од оние погоре наведени  милиони.

Детски парк

Исклучително се  израдував кога започна изградбата на детскиот парк во градското шеталиште. Проект вреден 80.000 евра, наменет  за социјална инклузија на деца. Битола одамна не добила сличен  парк, а се надевам дека сите дечиња, силно ќе се израдуваат на новите играчки што ќе бидат поставени.

На три дена пред големиот празник, би сакал на сите  граѓани на Битола да им го честитам јубилејот, 75 години од ослободувањето на Битола, а желбите за наредниот 4-ти Ноември се во Битола  да видиме нова градинка во касарната, поставување на гасовод по улиците, влез од Охрид, Илинденска, Партизанска и Асном средени, ФК Пелистер во прва лига, пат Кравари-Меџитлија...

Пишува: Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани