Новото лице на Битола (пишува Валентин Груевски)

Февруари 27, 2020

Станува ли Битола деновиве едно големо градилиште, се гради ли инфраструктурата, се добива ли ново лице  на многу населби и многу улици, добива ли Битола и покрај сите оспорувања и сите злонамерни озборувања ново руво?

Моето мислење е да, добиваме многу работи, добиваме инфраструктура, добиваме нови водоводи, канализации,  улици, објекти. Можеме да признаваме или да не признаваме, можеме да водиме инает дека некои работи се спори, дека треба побрзо, ама пред фактите некогаш и боговите молчат.

ГРАДИЛИШТЕ  

        1.Офицерски до крајот на годината треба да биди готов. На неговата изградба претходеше многу голема подготовка, многу лобирање, многу дозволи. Резултатот кој сите го добивме е дека Офицерски ќе го има, течи дебатата на социјалните медиуми која би била неговата намена,ама најважно е дек аобјектот ќе го зачуваме од пропаѓање и ке го користиме и ние и нашите поколенија.

  1. Канализација во индивидуалните куќи и викендици во Трново. Ако сакаме туризам, ако сакаме чиста вода за пиење, мора да имаме прво канализација. А таа се гради, а пречистителната станица е готова.
  2. За Стадионот неколку пати сум пишувал, и кога никој не веруваше дека ќе биде, и толку колку што е сега. Ама ќе биди уште подобар и поубав. 5,5 милиони евра од општинската каса се вкупните пари кои ќе се одвојат, а градбата не застанува. Помош и од ФФМ. Добредојдена.
  3. Маловишта- Пат од четири километри, реконструкција и проширување до единственото село во Националниот парк Пелистер. Вложување од 400.000 евра.
  4. Илинденска, Партизанска, Асном. Илинденска започна, 2,1 километар нов водовод, канализација, асфалт. Инвестиција 900.000 евра. Наскоро и другите две улици, финансирани и од Општината и од Владата.
  5. Затворен базен. Битола во наредните 18 месеци ќе добие затворен базен. Базен со димензии од 25м х 9м, во дворот на училиштето Даме Груев. Инвестиција од 700.000 евра.
  6. Пазари-Управна зграда. Поенергетски, поефикасно, поекономично. Инвестиција од сопствени средства на јавното претпријатие. За потсетување, претходно беа поставени и фотоволтаиците или вкупно 50.000 евра од сопствени извори.
  7. Бистрица-Парк на паднатите борци од Антифашистичката војна. Целосна обнова на оградите, партерното уредување, нови клупи.
  8. Улица 13-та. Започна уредување на улицата. Неколку стотици жители го решаваа проблемот со газењето во калта пред своите домови
  9. Рузвелтова, Борис Кидриќ, Бранко Радичевиќ, започнуваат многу скоро со реконструкцијата.

Погорните десет точки се работи кои се работат, денес, се работат во моментот. Не е најава, не е за во иднина, машините се тука и се работи.

За во иднина има уште многу, ама за тоа потоа.

Пишува: Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани