2win800x200

Двете приоритетни вредности кои често се во првите десет кај луѓето се семејството и слободата. Кај мене како прва вредност е семејството, а слободата веднаш по неа, можеби за нијанса заостанувајќи зад првата. Ако првата има значење - моите најблиски да се добри и да имам хармонијата со нив, другата ми значи слобода на движење, донесување одлуки и слобода на однесување - (кај различни луѓе значењето е различно, за иста вредност). Не сакам кога некој ми го контролира животот, бидејќи тоа е моја одговорност. И ова е во редовни и нормали услови на живеење. Сега сме во вонредни....а тоа покажува нешто?!20200321 005210

Во нормални услови ние имаме два делови од контејнерот. Едниот се вика “СЕ ПОДРАЗБИРА”, а другиот “И ОВА ГО САКАМ”. Кога ќе добиеме нешто што сакаме кратко стануваме среќни, а потоа за кратко време тоа ни се подразбира.

Во делот “СЕ ПОДРАЗБИРА”, влегуваат сите работи кои на некој начин ги имаме и по дифолт постојат. Другиот дел “И ОВА ГО САКАМ” не дека не е потребен, но во овој период се елиминира. Мора да постанеме свесни дека кога отпаѓа едниот на негово место доаѓа оној другиот. Голем дел од она што се подразбирало досега во нашиот живот, преминало во делот кој денес го сакаме и не ни се подразбира. Затоа од целокупната ситуација во која завладеа страв да не изгубиме работи кои ни се подразбираат, стануваме и свесни што базично нам ни е важно. Не е добро да се продава памет кога сите се информирани и свесни за ситуацијата, само може да резимираме дека сите имаме различен став кон животот, кон болестите, забавата, смртта, неуспехот. Но, време е за генерален заклучок: “Никој не може да ја негира ситуацијата во која сме, но таа ни покажува дека голем дел од она што секојдневно имаме, веќе не ни се подразбира, а во овој период станавме свесни за тоа”. Кога не можеме против околностите време е на индивидуално ниво да придонесеме да се подигне и колективната свест. Иако не постои гаранција, а обично не постои кај се што е ново и досега непознато, треба да направиме се што зависи од нас, да прифатиме се што не може да промениме и да дозволиме тишината во која сме да ни даде дел од одговорите кои ги немаме.

Пишува: м-р Билјана Галовска, НЛП тренер, предавач на Бизнис Академија Смилевски

Инфо: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

,,Поголемиот дел од луѓето трагаат по среќата. И неуморни се во својата потрага. Се обидуваат да ја пронајдат во нешто или некој надвор од нив. Тоа е суштинската грешка. Среќа е нешто што Вие сте и извира од начинот на кој размислувате,, Вејн Дајер.

Дали сте среќни? Што е тоа среќа? Која е вашата дефиниција за среќа? Уште колку ќе чекате таа да пристигне до Вас? Дали навистина траба да се случи нешто надвор од нас кое ќе не направи среќни? А, и кога тоа се случува, тогаш зошто не трае таа среќа, па трагаме повторно по неа?

Среќата не е производ, не е нешто што пристигнува со иднината. Среќата не е во материјалните работи кои ги поседуваме или во претстојните случувања. Таа не може да се случи во иднината која чекаме да дојде. Таа е секогаш, ама секогаш достапна само сега. Таа се наоѓа во пронаоѓањето на длабоката смисла во нашиот живот. Среќата е состојба чии зачеток е во нашите мисли, производ на нашето суштинско гледање на животот. Таа не е видлива категорија, таа е нешто кое длабоко продира до нас и не оживува во вистинска смисла. Животот- рекол некој -не е тоа што се случува, туку како гледаме ние на тоа што се случува. Прашањето е како гледаме ние на среќата во нашиот живот?

Верувам дека некои од Вас би сакале да дознаат какви се луѓето кои се вистински среќни, што прават или имаат тие? Направените истражувања за тоа што е присутно кај вистински среќните луѓе не водат до четири централни точки, четири области и тоа:

  • Прво, секој од нив колку повеќе ја живее својата единствена смисла на планетата Земја, се повеќе се чувствува среќен. Вистински среќните луѓе продолжуваат да се движат во насока на својата животна смисла и кога не е лесно, па преку својата суштина се поврзуваат со својата права природа
  • Второ, навистина среќните луѓе ја забележуваат разликата помеѓу наградата и задоволството. Тие се фокусирани на својата благосостојба (здравје, постигнувања, , постоење,богатство,активности и сл) на работи и улоги кои се вредни за поврзаноста, а не само на работи кои носат задоволство
  • Трето, свесни се за тоа дека среќата доаѓа низ придонесот за другите. Среќата на другите луѓе го поттикнува нивниот елан и жар
  • Четврто, благодарни се на се што имаат сега, го ценат животот и продолжуваат да поставуваат прашања трагајќи за длабоката смисла на сопствениот живот

Нашата среќа е онаму каде се сретнуваат нашите вредности и смисла. Тоа не води во овие четири области и тука се развива свеста за тоа да бидеме среќни денес, да трагаме по нашето суштинско јас кое е во нас, да прифаќаме и да го освестиме денешниот момент и неговата убавина. “Можеби не е секој ден добар, но во секој ден има нешто добро”. Ако се поттикнеме да го пронаоѓаме тоа ќе го подигнеме сопствениот коефициент на среќата кој ќе оди за скала нагоре. А, на прашањето како тоа да го направиме трајно, има само еден одговор. Нашиот внатрешен свет кој постои во нас, не надвор од нас.

Пишува м-р Билјана Галовска НЛП тренер и професионален коуч, предавач на Бизнис Академија Смилевски инфо: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Некои луѓе секојдневно се борат со сопствените стравови, некои полесно се справуваат со нив, а некои го чекаат вистинското време. Вистината е дека секој од нас почуватвувал страв од нешто или некого во животот. И тоа е во дадени ситуации нормално. Она што не е нормално во сето тоа е што само околу 7% од стравовите се реални, останатите 93% се имагинарни или апстрактни стравови. Стравови креирани во нашиот ум.

Верувам дека на некои стравот му е секојдневен придружник во животот. И не само тоа! Во дел од нив тој ја презел контролата врз животот, па ги блокира, парализира и обојува сите сфери на живеењето. Ставовите може да се различни, страв од болест, сиромаштија, успех или неуспех, од смрт, осуда, куче, од инсекти, срам, од ситуација за која имате чувство дека е нерешлива..... Списокот е долг. Она што стравот го прави во нас е најчесто живот надвор од сегашноста. Секаде сте, само не сте присутни во сегашниот момент. Таквиот живот ве ,,полни,, со премаленост,напнатост на мускулите, забрзано дишење, мачнина, главоболка, неправилна работа на срцето,слабост, сува уста, нервоза и општа напнатост, и покрај другото постојана загриженост дека ве чека нешто лошо.

Многу често се среќавам со луѓе кои ,,заглавиле,, во одредена животна ситуација без лоша намера, а каде учество има и друга страна. Нивните очекувања од себеси јавуваат отпор и внатрешна фрустрација затоа што секоја нивна промена не вродува со плод на другата страна.Се јавува длабока разочараност од себеси, па дури и длабоко чувство на вина придружено со безброј откажувања. Во ред .....ако имате ваков проблем првото прашање кое може да си го поставите е:Што најлошо може да се случи? Го замислувате најцрното срценарио и го прифаќате во целост. Вториот чекор е да замислите дека преку ноќ вашиот проблем со некое чудо се решил. Што кога ќе станете ќе биде поинаку? По што прво ќе знаете дека тој не постои во вашиот живот? Кој прв тоа би го забележал? Какви сте Вие по случувањето на тоа чудо? Одговорите можете да ги запишувате. Третиот и можеби најзначаен дел е одговорот на прашањето: Што е мојот прв чекор за да се доведам во состоја во која сакам да сум? Прв, мал едноставен и возможен. Потоа дефинирајте уште 3 клучни кои се ваша одговорност. И преземете акција полека, но сигурно секој ден по еден мал чекор со кој ќе му погледнете на стравот во очи.

Еве пример: Жена на возраст од околу 30 години не излегуваше од дома кога ќе паднеше мрак. Да не навлегуваме во причините, стравот постои. Секој ден последователно 36 денови со паѓањето на мракот ја отвараше вратата од куќата и зачекоруваше еден чекор во мракот, најпрво неколку секунди. Вториот ден повеќе, третиот три чекори подалеку од вратата и една минута во мракот......и се така додека се бореше помеѓу потребата да се сокрие во домот и да го прифати мракот. Го победи стравот, со големо трпение и упорност, застанувајќи на временската линија и освестувајќи дека пропушта многу работи поради страв кој ја парализирал во целост. Денес е слободна жена која живее со полни гради.

За некого, стравовите кои ги имаме се смешни и нереални. Но, вистината е дека стравот во нашиот ум е стварност и навигатор на нашето однесување, постапки, одлуки, односно препрека на патот за слободен живот. Тогаш е ред да речеме СТОП, а ако не можеме тоа сосема сами тогаш за дел од нив коучинг процесот е решение!

Пишува: м-р Билјана Галовска НЛП тренер и коуч, предавач на Бизнис Академија Смилевски

 (Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

 

Комуникацијата е дел од нашето секојдневие и сите знаеме дека „не можеме, а да не комуницираме.” Поаѓајќи од тоа, кога настојуваме да не комуницираме, тогаш значењето на комуникацијата е поголемо и пораката што сакаме да биде пренесена кај другата страна добива на својата јачина. (Oдлучувате да не зборувате со некого? Тоа не значи дека не пренесувате порака)! Ако ја земеме во предвид онаа познатата дека “од квалитетот на нашата комуникација, зависи квалитетот на нашиот живот”, можеби е време да размислиме како ние можеме да ја подобриме нашата интраперсонална комуникација (кога комуницираме сами со себе во нашиот внатрешен дијалог) и интерперсоналната комуникација (комуникација со луѓето околу нас)?

ZZZ

Погледнете ја сликата.....

Што гледате на неа?

(продолжете со читање откако ќе имате барем еден одговор)

Некои од Вас ќе речат дека гледаат две личности во расправија, некои дека тоа се колеги кои имаат спротивставени мислења, други дека работниот ден им завршува, трети дека тоа се брат и сестра партнери во бизнисот кои не решиле некој спор, четврти дека женската личност е лута и го повишила тонот, а машката личност ја гледа право во очи затоа што е виновен, седми дека тој ја провоцира, а таа се нервира, осми дека се деловни луѓе на некој состанок, деветти дека се во партнерски однос, десетти дека имаат афера и сл ...и колку повеќе луѓе се вклучени во ова толку повеќе објаснувања ќе добиеме.

Постои нешто што врвните комуникатори го знаат, а тоа е да прават разлика помеѓу поимите опис и интерпретација. Многу често информациите во секојдневието се пренесуваат по пат на наша интерпретација. Тоа значи дека ние, нешто кое се случува надвор од нас, го објасуваме на начин како што го доживуваме внатре во нас, што значи најчесто му даваме сопствено значење. Затоа добро е да знаеме дека ОПИС е фактичката состојба која постои и е непроменлива за секој од нас, на пример описот на сликата е две личности, еден часовник.(ТОЛКУ) Се друго во однос на објаснувањето околу тоа е интерпретација која ние ја даваме. И кога сме присутни на одреден состанок, разговор или некоја секојдневна ситуација, а посебно кога пренесуваме некоја информација врзана за конкретен настан, добро е да знаеме да направиме разлика што е тоа опис, а што интерпретација.На пример - денес е недела, 26 јануари. Тоа е непромениливо за секој од нас, тоа е фактичка состојба која важи за сите, тоа е опис. Интерпретација е се останато како тоа дека денот е сочев и убав, со малку облаци или тмурен со многу магла која не дава расположение итн......

Постојат вежби со кои може да се усовршува пренесувањето на информацијата и раздвојувањето на овие два термини. Ако некој го заинтригира оваа содржина, за дополнителни информации може да ме контактира на е маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. За оние кои го прочитаа текстот и за сега е доволно имам еден совет. Пред да започнете со вашата интерпретација на нешто, може само да кажете “моето субјективно чувство за тоа е ...”. Ако станете свесни дека вашето субјективно, најчесто е различно од субјективното на другите, повеќе ќе слушате за да ја разберете другата страна,не само да одговорите, а при тоа развивате вештина за подобро комуницирање преку раздвојување, а не потреба за докажување дека сте во право.

Тајната на успешните комуникатори во многу ситуации е одговор на прашањето “Дали ова беше ОПИС или само ИНТЕРПРЕТАЦИЈА”?

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани