Како изгледа сега и каква беше сликата пред 10 месеци во Медицинското училиште

Септември 14, 2018

Алал

Средното медицинско училиште „ Д-р Јован Калаузи“ добива нов лик во внатрешноста и нормални услови за следење на наставта. Руинираните училници сега се бојадисани и освежени, санирани се дупките на подот и ѕидовите, променети се вратите, дел од искршениот инвентар е заменет со нов,  а во тоалетите саниран е  плафонот кој прокиснуваше.  Менаџерскиот тим заедно со учениците, родителите, со поддршка од Општина Битола и донации од некои компании, успеа за неколку месеци да обнови дел од она што со години беше запоставено и запуштено. 

Ј'зк

По  доаѓањето на функција во декември  минатата година, новото раководство ги отвори вратите од училиштето за новинарските екипи кои ја регистрираа катастрофалната состојба- извадени и искршнеи врати од училниците, без брави и кваки, кои се потпираа со столче од надвор. Во училниците, на подот и ѕидовите имаше дупки, дел од столчињата и клупите беа искршени, компјутерите оштетени, на прозорците висеа завеси, парното греење беше во дефект. 

1

vr

plafon

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани