Владата ќе се задолжи во име на општините со нов кредит од 120 милиони евра за враќање на старите долгови. Со тие пари ќе се исплаќаат обврските кон добавувачите, а општините ќе го враќаат кредитот на подолг рок од 15 до 20 години, со пониски каматни стапки.

ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Совет тврдеше дека Општина Битола има помалку долгови од јавно презентираните и дека ако се вкалкулираат и побарувањата, тогаш ќе испадне дека е во позитива. Од советничкото мнозинство предводено од СДСМ рекоа дека опозицијата си игра весела мактематика и дека дури и по пет месеци од заминувањето на Владимир Талески од петни жили го брани неговото работење.

Вртоглава сума од над 800 илјади евра ненаплатени побарувања од  граѓани и правни лица толерирало јавното претпријатие „Нискоградба“во Битола,  за време на бившиот директор Кире Крстевски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.  

Наспроти ваквата практика во 2013 година претпријатието зеде рамковен кредит од 30 милиони денари, и ја покачи цената на услугите за канализација.

Претседателот на Совет на Општина Битола, Валентин Груевски денеска јавно упати апел  до мнозинските акционери на ФК Пелистер од Битола да ги исплатат долгот и клубот да го остават со чиста сметка. После тоа да отпочне правната процедура за преземање на акциите, зошто без платени обврски Општина Битола нема можност да го преземе клубот.

-Свесни сме за итноста на  ситуацијата и временскиот теснец во кој се наоѓаме, затоа денес или најдоцна утре ќе биде рокот во кој треба да се исплатат долговите и да почне нормализација на состојбите во клубот. Се после утрешниот ден ќе биде предоцна за клубот-предупреди претседателот на Совет, Груевски. 

Општина Битола, заедно со државата бараат начин како да се покријат огромните долгови на битолските средни и основн училишта, кои во моментот должат 4,5 милиони евра.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани