На 112 изборна конференција на на Општинската организација на НСДП во Битола, што се одржа вчера на 14 октомври, за претседател беше избран Филип Ивановски, дипломиран правник од Битола, а избрани се и 16 члена на Извршниот одбор и 5 члена на Надзорниот одбор.

Младите од Битола дискутираа за приоритетите и можните решенија за нивните проблеми во рамките на процесот за изработка на Стратегија за млади на Општина Битола, проект кој е поддржан од ЕУа општината го реализира во соработка со Коалиција СЕГА .

Во библиотеката „Св. Климент Охридски“- Битола  денеска ќе се одржи Вториот  Собир на факултетските библиотекари од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на тема „Библиотечната дејност на факултетските библиотеки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани