Со силно полициско обезбедување, рано утрово, во комбиња на Македонски пошти започна транспортот на гласачките материјали од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола до општинските изборни комисии. Се врши дистрибуција на 1 814 263 гласачки ливчиња расподредени во 3390 гласачки места. Годинава поради актуелната состојба со ковид-19 на избирчаките места ќе има и заштитни маски за секој оној кој ќе дојде на гласање без маска.

„Jа користам приликата да ги повикам граѓаните да излезат на гласање, да не се плашат затоа што ние се погриживме да ги снабдеме сите избирачки одбори со доволно заштитен материјал, доволно заштитни маски за и оние гласачи кои немаат или не можат да си купат или нема да носат од било каква причина, ќе можат да добијата заштитна маска за да можат да гласаат“, рече Оливер Дерковски, претседател на Државната изборна комисија.

Сите избирачки одбори се снабдени со по четири маски за секој член и уште 50 до 100 маски по одбор во зависност од бројот на запишани гласачи. Обезбедени се заштитни ракавици и дезинфекциони средства. На секое избирачко место ќе има по три шишиња со дезинфекционо средства и плус дополнителна количина. Од вчера до утре ќе се врши дезинфекција на сите гласачки места во државата , а истото ќе се направи и по избори.

„Кога гласачот ќе влезе на гласачко место да биде сигурен дека нема било какво присуствцо на вирус“, рече Дерковски.

Pаламентарните избори ќе се одржат на 15 јули, во среда. Во вторник гласаат болните и немоќни лица, пријавени се 9446, од кои во Битола 266. Во понеделник ќе гласаат болните од ковид -19 и лицата во самоизолација или карантин. Иако во државата има околу 3500 активни случаи со оваа болест, пријавени за гласање се 747 лица во 52 општини.Во Битола такви пријавени има 20 случаи што ќе гласаат.

Ж. З

До 18,30 часот од  82 131 гласач во општина Битола гласале 32.73 проценти, соопшти ДИК. Според ова, своето гласачко право го искористиле  26 855 битолчани.  

Најголема излезност на гласањето за референдум е забележана на гласачките места во месностите Градчето Пејтон, Стевче Патако,  училиштето „Кирил и Методиј“ и кај Гроздот, а од селата во Лера, покажуваат резултатите на ДИК. Најмала излезност има во селото Ново Змирнево, Драгош, Ѓавато и Габалавци.

До 17 часот во Битола излезноста е 27,63 проценти, односно на гласање излегле 22.675 граѓани со право на глас, објави ОИК. Во Општина Новаци излезноста е 24,43 %, а во Општина Могила до 17 часот на гласање излегле 16,58 проценти од граѓаните.

Од канцеларијата на народниот правобранител и од битолската полиција информираат дека досега кај нив нема пријави за нарушување на гласачкото право. Исто така за мирен референдумски ден потврдуваат и од  ОИК, од каде велат дека до нив не пристигнал ниту еден приговор од избирачките места.

До девет часот утрово 2,8 проценти од гласачите излегле на гласање во општина Битола, соопштија од Општинската изборна комисија. Навреме биле отворени сите гласачки места и гласањето течи без проблеми.

 

Страница 1 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани