Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување Битола.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признат од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест) месеци/ 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на: 13 образовни асистенти во средни училишта, 2 воспитувачи во детска градинка, 4 негуватели во детска градинка и 2 фасцилитатори во инклузивен центар за деца од ранливи групи.

Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање може да се добијат на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/08/Јавен-Повик-21-лицe-2023-.pdf

Општина Битола

Реакција на СДСМ на соопштението на Општина Битола

 

Интегрално го пренесуваме соопштението на Општина Битола:

„Општина Битола, во целост ги демантира денешните невистини, изнесени во соопштението на политичката партија СДСМ.

Општината за првпат оваа година во креирањето на Програмата за култура ги вклучи граѓаните и културните уметници, преку објава на анкета и јавни повици со кои целта беше да се сублимираат најдобрите културни понуди и да се одговори на предлозите и сугестиите кои ги имаа жителите на општина Битола, за креирање на квалитетна културна понуда за Битолското културно лето.

Големиот интерес и пристигнатите вкупно 250 апликации, во различните области од јавниот повик кој траеше од 25.10.2022 до 21.11.2022, бараа посветеност во евалуацијата со цел изработка на соодветна културна понуда, која ќе го следи новиот концепт, воспоставен од оваа локална самоуправа и широко прифатен од граѓаните и уметниците. Истиот минатата година, овозможи културна понуда на која професионализмот беше особено истакнат, а младите културни уметници и други уметности, добија можност низ офф програма да се претстават пред битолчани и гостите од странство, кои ги имаше во голем број на сите настани.

Општина Битола, првпат во досегашното работење, јавно и транспарентно на веб страната ги објави резултатите од сите спроведени јавни повици, вклучувајќи ја и Програмата за култура.

Процесот на работа, предвидува измени и дополнувања на различни програми, каде што се вбројува и Програмата за култура на општина Битола, донесена во декември минатата година и каде по завршувањето на процесот на квалитативна евалуација, се покажа дека културните уметници заслужуваат многу поголема поддршка од планираната. Измени на програмите и ребаланс на буџетот се начини на работа кои се во согласност со законите и се применувале во изминатиот период.

Ниту една политичка партија не смее да врши сквернавење на културата и културните уметници, со зборовите „Битфест беше и остана пералница за пари“ како што деновиве низ партиски соопштенија на СДСМ се нарекува фестивалот каде настапувале значајни имиња од културата, кои благодарение на нивниот ентузијазам, професионализам и креативност, настапувале на БИТ ФЕСТ и за тоа добиле соодветен финансиски надомест.

Општина Битола, апелира до сите политички партии, да ја остават политиката надвор од културата, затоа што Битола мора да продолжи културно да се развива и да напредува.

Општина Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани