2win800x200

Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски и секретарот на општината, Борче Димитровски, ги посетија дел од училиштата, каде утрово имаше дојави за бомби. Во разговор со директорите, се информираа за моменталната состојба во училиштата, каде што полициските екипи веќе вршат проверки. Бојкоски и Димитровски, се во постојана координација и со екипите од СВР Битола.

Претставници од институтот „Конфуциј“, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, денес ја посетија општина Битола, каде имаа средба со градоначалникот, Тони Коњановски.

Два дена пред почетокот на генералниот штрајк што го најави СОНК на своето членство во училиштата и градинките, родителите добиваат насоки како да постапат со своите деца. Наставниците ќе дојдат во училиште, но нема да изведуваат настава, туку ќе бидат во просторија определена за нив.  На родитлите веќе им е соопштено да не ги носат децата на школо, а оние ученици кои ќе дојдат, ќе бидат згрижени од наставниците кии нема да протестираат или лице задолжено за згрижување на ученицте.

"По грубите невистини, лаги и клевети изречени на денешниот прес на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се направи обид за рушење на угледот на директорите, БАРАМЕ јавно извинување од читачот на текстот и партијата, и сметаме дека ова е увод во процесот чија  крајна цел е НЕЗАКОНСКА смена на директорите на училиштата",   реагираат од ЛДП  на пресот на ВМРО ДПМНЕ, на кој партијата прозива директори на училишта за нерегуларности во работењето.

 

Во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид 19 во основните и средни училишта во Република Северна Македонија, Министерството за здравство ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во рамки на 80 општини и градот Скопје.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани