Webp.net gifmaker

Шо рече

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција запрашан за тоа каков е капацитетот на Битолската болница во свлучај да треба да се примат пациенти со коронавирус, рече дека таа е доста солидна и екипирана здравствена установа, со добра инфраструктурна поставеност, но нема да се користи како болница каде ќе се лекуваат овие пацинети. 

„Многу солидна и екипирана болница е со ниво на експертиза и со добра инфраструктурна поставеност. Но, нема да има други центри за лекување на пацинетите со коронавирус  освен болниците  кои цело време ги спомнуваме Инфективната клиника  со дополнителниот капацитет и болницата „8-ми Септември“  пред се поради експертизата“, рече Филипче.  

„Ќе направиме напори државата и јавните институции пред роковите да ги платат долговите што ги имаат кон приватниот сектор“.  Вака одговори министерката за финансии Нина Ангеловска  на прашањето на Апла.мк дали државата како најголем должник на стопанството, ќе ги изврши плаќањата на веќе доспеаните побарувања кон  приватните стопанственици, што во овие моменти на криза би било   од  помош за сите нив, но  и дали  може предвреме да ги исплати веќе настанатите обврски спрема приватните компании.

Општина Могила во  село Трап започна   подготвителни активности за асфалтирање на Крак1 во должина од 335 метри. 

Оваа инвестиција изнесува над 2 милиони денри од кои 1 милион се обезбедени од Агенцијата за поддршка, додека пак остатокот е обезбеден од буџетот на Општина Могила.

„Рамномерно ги развиваме населените места во општината, создавајќи подобри услови за живот за сите граѓани во Општина Могила“, наиша на својот ФБ профил градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска. . 

По повод 24  годишнината  од  формирањето на Општина Новаци,  градоначалникот Љубе Кузманоски, со  свое обраќање упати честитка до жителите и но  и благодарноста за соработката. Прославата годинава ќе изостане поради состојбата со светската пандемија и препораките за превентивна заштита од КОВИД 19. Ви го пренесуваме неговото обраќање

Како што веќе знаете, еден од нашите доктори е носител на корона вирусот и за таа цел е ова обраќање до медиумите, за да не се продолжува со шпекулации и ширење невистини.

Д-р Христијан Трчевски во изминатиот подолг период не го напуштил градот, по што следува заклучеок дека го добил вирусот од некој пациент, иако, болницата од првиот ден на алармирањето за корона вирусот, ја зголеми хигиенската постапка во болницата.

Неговата совесност и како родител и како доктор, го натера да направи дури два тестови. Од првиот беше негативен, а по неколку дена позитивен на КОВИД 19. Тој е во одлична здравствена состојба.

Веднаш, како што носи редот, ги известивме сите надлежни институции, а најбиските на д-р Христијан се во самоизолација. Тоа се случува и со голем дел од персоналот.

По увидот на терен и по сите процедури, болницата има дозвола да продолжи со работа. Ние имаме и втор, резервен тим на доктори и медицински сестри, кои веднаш би можеле да ја заменат првата постава на медицинските лица.

Основното јавно обвинителство Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица заради кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

ЈЗУ Клиничка болница Битола за потребите на болницата и за заштита на своите вработени изработи памучни заштитни маски. Маските се шијат, паковаат и стерилизираат во Болницата. Во оваа установа од секогаш имало вработено лице шнајдер. Тој сега ги шие маските, а му помагаат вработени од пералната и пеглалната. Со овој чекор Болницата ќе обезбеди заштитни маски за сите вработени и за пациентите. 

И во услови на вонредна состојба поради коронавирусот, во капацитетите на ЕСМ во земјава струја се произведува непречено. Генерланиот директор на ЕСМ Васко Ковачевски вели дека се преземаат сите потребни мерки за заштита на вработените, а истовремено и мерки за да се обезбедат потребните 80 проценти струја за потребите на државата.

„Во моментов ги произведуваме потребните количества на енергија, немаме зголемена побарувачка во однос на нашата испорака кон ЕВН. Истовремено ги насочуваме сите наши сили и ресурси кон РЕК Битола. Сметаме дека ќе ги исполниме обрските и задачите , но истовремено апелираме кон граѓаните и фирмите максимално да ја штедат енергија зашто таа значи и живот“, рече Ковачевски.

Црвениот крст оформи три тимови со по четворица волонтери кои можат да доставуваат храна и лекови на лицата кои не можат да излезат од домовите. Воведени се две беплатни телефонски линии на броевите 070 791 770 и 047 236 019 на кои граѓаните можат да побараат помош.

Клиничката болница во Битола доби значајна донација во медицинска опрема и материјали која е неопходна за превенција и успешно справување во случај на појава на  коронавирусот од страна на компанијата „Кромберт и Шуберт“ во Битола.

Покрај локалното делување на работната група за спроведување на мерки за превенција-болест COVID 19 (коронавирус) на Општина Битола од почетокот на оваа недела, со засилените мерки, препораки и преземени активности во однос на сообраќајот и зголемената хигиена во сите општински установи, Општина Битола координирано е во соработка со сите институции во градот кои имаат одредена надлежност и поврзаност со активностите поврзани со COVID 19, односно корона вирусот.

Страница 1 од 27

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани