2win800x200

Иван Јерчиќ , директор и Илина Чоревска, програмски директор на Народниот театар од Битола рекоа дека Талески уште не добил улога на кастинг

Јуни 14, 2018

„Владимир Талески е вработен во нашиот театар , законски беше да го вдомиме. Моментално нема никаков ангажман. Ангажманите во нашиот театар зависат од кастингот што ќе го направи режисерот на претставата. Многу од актерите во Битолскиот театар кога не се во кастинг, не доаѓаат на работа“, рекоа Јерчиќ и Чоревска. 

Тие денес држеа прес конференција за активностите на Театарот, а од новинарите беа запрашани каков е сегашниот статус на екс градоначалникот Владимир Талески во Народниот театар и дали доаѓа на работа. 

 

Понатаму, директорот Јерчиќ, запрашан дали Талески бара отсуства од работа за на судење, одговори дека не побарал.

„Кај нас е пракса актерите кои заминуваат на подолго време да побараат некакво отсуство, претпоставувам дека само еден ден е отсустен“, рече Јерќич.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани