Методи Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба“: Пречистителната станица ќе ги прифати сите отпадни води во Битола

Јуни 26, 2018

-Проектот за пречистителна станица за Битола трае околу 3 години и во моментот е е во завршна фаза, односно распишување на тендерска документација. Со писмо до нас се обратија од Европската делегација, дека очекуваат од нас да бидата усвоени тарифите на Регулатарна комисија за да може да  стартува проектот со распишување на тендерската докумнетација.

 

Бенефитот од пречистителната станица е огромен. Со години наназад имаме проблем со загадување на водите на петти канала и загадување на реката Драгор. Со овој проект комплетно ќе с е прифатата сите отпадни води на град Битола, односно според нашите анализи 99 насто. Петти канал ќе биде чист канал од каде водата граѓаните ќе можат да ја користат  за наводнување, а исто така, загадувањето на реката Драгор ќе се сведе на минимум , со што ќе се намали загадувањето на Црна река, каде најголем причинител за загадувањето е реката Драгор, изјави Методи Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба“ од Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани