Пајак службата на припомош за првиот училишен ден

Септември 03, 2018

Пајак службата на ЈКП „Комуналец“-Битола денеска  беше на задача во ОУ „Гоце Делчев“-Битола, каде на првиот училишен ден требаше да ги отстрани паркираните возила  од училишниот двор. Граѓани, вработени во околните институции секојдневно училишниот двор го користат како пракинг за своите возила, притоа ги оставаат автомобилите под прозорците од училниците или на спортските терени, загрозувајќи ја неретко и безбедноста на учениците додека се движат и трчаат низ дворот.

Билјана Стојковска, директор на ОУ „Гоце Делчев“ Битола вели дека непрописното и недозволено паркирање во училишниот двор им задава проблеми во функционирањето и безбеденоста на учениците.

 

 -Како училиште се трудиме безбедноста на учениците да биде на високо ниво , но години наназат сме имале проблеми со непрописното паркирање, не успеавме континуирано да го решиме тој проблем затоа и денеска заедно со Општина Битола се вклучуваме во оваа кампања за безбедноста на учениците во сообраќајот  и се надеваме на совеста на граѓаните зошто  училишниот двор е за потребите на учениците за реализација на воспитно образованиот процес , рече Стојковска.

„Го сакам градот безбеден„ е слоганот на Неделата за безбедност во сообраќајот која започна вчера со цел да се поттикне свеста кај граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи и за унапредување на културата на однесување во сообраќајот. Во исто време да се поттикнат институциите со еден посистематизиран и организиран пристап во решавањето на сообраќајните проблеми да се покаже дека здравјето и безбедноста на граѓаните се нивна одговорност.   

-Денешната активност е конкретно поврзана со првиот училишен ден „Училишните тротоари се за децата, а не за возилата“ е слоганот на денешниот настан. Така непрописно паркираните возила ќе добијат хенгер со недоволно 1 и одличен 5 за прописно паркираните возила. Се обраќаме до децата и до нивните родители и до возачите особено оние кои не застануваат навремено кога наидуваат на пешачки премин , кои се паркираат на тротоарите околу училиштата и со самото тоа ги наведуваат децата да се движат по улицата, односно по коловозот и директно ја загрозуваат нивната безбедност, рече Јасмина Талевска, од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.  40588356 315322762567241 2512816186127810560 n40634329 264177667564888 4467614995500236800 n40684210 251886549001212 5323082101866627072 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани