Webp.net gifmaker

Советниците написмено ги добија одговорите од градоначалничката Петровска

Септември 08, 2018

Градоначалничката Наташа Петровска написмено им ги достави одговорите на советниците кои на минатата седница и ги поставија лично до неа за (не)функционирањето и  работата на општината.

Петровска им одговорите на прашањата,  како ќе се реши проблемот со исклучената струја во блокираните училишта, колкав е реалниот долг на училиштата, што со преговорите за Копанки, каменоломот над Битола, до каде се проектите за гасификација и топлификација, за чистењето на коритото на реката Драгор и слично.

На прашањето на советникот од ПОДЕМ Николче Јанкуловски, дали ќе си поднесе оставка Патровска одговара категорично не.

 

-Не. Бидејќи по средувањето на наследените проблеми од политичката гарнитура која ја поддржувавте, пред се средувањето на проблемите од финансиска природа и расштиманоста на функционирањето на Општината и структуирање на буџетот  во функција на инфраструктурни објекти , следната година ќе биде година на уште поголема реализација. Тоа е предизвик за мене со уште поголем елан да се зафатам со решавање на проблемите со кои се соочуваме како Општина , а пред се како град, одговара Петровска.

На прашањето пак на советникот на ВМРО-ДПМНЕ Иванчо Тошевски за пешачките премини каде ја обвинува дека лаже „кажувате дека според спецификација сте барале квалитетна боја, лажете бидејќи не најдовте решение за обележување“, градоначалничката одговара со контра обвинување.

-Секој што има одредена карактеристика сака да ја прикаже и кај другите особено ако истата е негативна. Дали лажам или не, може слободно да се провери според објавената јавна набавка со отворена постапка. Секој може да види кои беа бараните стандарди и одлуката на комисијата дека ни еден понудувач не ги исполни бараните критериуми и стандарди. Советникот во секое време може да провери и на Бирото за јавни набавки и во Одделението за јавни набавки во општината . Потоа може да се каже кој лаже, градоначалникот сигурно не, одговара Петровска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани