2win800x200

Битолските возачи „камикази“ не почитуваат ни пешаци, ни пешачки премини

Септември 21, 2018

Битолчани  во едно се согласуваат дека низ улиците во градот се вози пребрзо, не се почитуваат ни правила, ни прописи, а неретко улиците се злоупотребуваат од возачите „камикази“ без оглед дали се со автомобили или мотори и скутери. Но, за жал битолчани едно се однесуваат кога се возачи, а друго кога се во позиција на пешаци. Во билтените на сообраќајната полиција секојдневно се регистрираат прекршоци од несовени возачи, се изрекуваат казни  но состојбите не се подобруваат.

 

Црвениот аларм  повторно е вклучен деновиве откако девојче на 16 години на среде бел ден минувајќи ја улицата „Партизанска“ во неа урило комбе. Девојчето е тешко повредено со скршеница на клучната коска и други повреди и задржано на лекување.

Пешаците се во грч дење , и особено ноќе, кога и пешачките зони се претвораат во егзибиционистички стази за мотори и скутери кои летаат покрај минувачите узурпирајки го местото предвидено за нив. Преминувањето на пешачките премини, особено без семафори е вистинска умешност, зошто возачите не застануваат ни пред деца, ни пред старци. Нестрпливоста и нервозата кај возачите внесува страв и несигурност кај пешаците.

-Дење да ти е страв да поминиш на пешачки премин, а ноќе е друга приказна, зошто овде на „Партизанска“, возачи „ камикази“ возат на едно тркало, се возат под рачна , едноставно се потпишуваат со гумите. Сообраќајната полиција врши контроли, ама не секој ден и тоа ги охрабрува. Се разбира дека има и културни возачи, но овие другите прават  непоправливи грешки, вели Томе Николовски, пензионер.    

Несреќата со девојчето беше во исто време кога Битола го одбележуваше „Европскиот ден без жртви во сообраќајот“, каде како опомена до возачите стои дека заради непрописното и несоодветното упавување на возилата може да предизвикаат несреќи со сериозни последици, но и исто така, и опомена  и до пешаците и  велосипедистите, односно сите учесници во сообраќајот дека нивната одговорност е поделена заедно со одговорноста на возилата.

Битолчани веќе ја отпочнаа иницијативата за поставување на семафори на повик на повеќе локации низ градот.

Но предупредувањата на експертите се дека „секое сообраќајно решение треба да се темели на детална анализа“, вели Јасмина Талевска од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

Градоначалничката Наташа Петровска вели дека во неколку наврати дискутирани се состојбите со сообраќајот во градот  со цел да се изнајде решение за повеќе критични точки. Како можно решение се предлага поставување на вертикална сигнализација, семафори на повеќе пешачки премини, но сепак како што кажа Петровска тоа ќе им го препушти на стручните лица во Општината кои по детална анализа треба да излезат со најдоброто решение на проблемот.

-Не е само да се детектира проблемот, факт е дека мора да се постават рокови, тоа ќе го направиме откако ќе ги добиеме сите досегашни анализи, рече Петровска.

Во рамките на Европската недела за мобилност, утре  ќе се одржи и манифестацијата „Ден без автомобили-детска велосипедска критична маса“. А 22-ри септември е  Светскиот Ден без автомобили.
Овој ден го слави движењето пешки, со велосипед, со тротинет, со јавен превоз. Идејата на Денот е да ни даде претстава како би изгледале нашите улици со помалку автомобили.
Над 1500 градови во светот го прославуваат овој ден.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани