2win800x200

Иднината на нашите деца е во нашиот глас „за’’, порача Александар Кирацовски од Могила

Септември 26, 2018

Во недела секоја глас „за’’ носи подобра иднина за нашите деца, нивната иднина е во нашите раце и во нашиот глас, порача од Могила, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Тој денес во Пелагонскиот Регион, поточно во општините Могила, Новаци и Битола и ги повика жителите масовно да излезат во недела на референдумот и да гласаат за европска Македонија.

„Во недела се соочуваме со историска одлука , сите подеднакво одлучуваме за нашата иднина и сите сме исправени пред предизвикот и изборот- дали да одлучиме за изолацијата во минатото или за напредокот во иднината? Како генерација имаме обврска да ѝ помогнеме на нашата Македонија да тргне напред, ова е одлука на нашата генерација. Клучен чекор за тоа е референдумот во недела. Во недела секоја глас „за’’ носи подобра иднина за нашите деца. Што и да направите во недела, трајно ќе влијае врз иднината на нашиот живот, врз индината на држава. Што и да направиме во недела трајно ќе влијае врз иднината на нашите деца, на идните генерации. Иднината на нашите деца е во нашите раце и во нашиот глас’’, рече Кирацовски.

 

Тој упати порака до населението дека недела не е ден за седење дома, недела е ден за носење историска одлука.

„Недела е ден за гласање и затоа сите заедно, одлучно и достоинствено да изгласаме перспективна Македонија, да гласаме за подобра иднина на сите нас и за идните генерации. Во недела сите заедно да излеземе и да гласаме за европска Македонија“, рече Кирацовски.42704334 1860563700731341 6782933351108968448 n

42653153 1889680527775535 8303493138446548992 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани